6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантин
Оваа пандемија влијае врз сите луѓе и физички и емотивно, па сега не е време да ги потиснете вашите чувства. Ако чувствувате потреба да излезете надвор и да викате, сторете го тоа. Ако напорното вежбање или плетењето ви помагаат да се справите со стресот, тогаш сторете го тоа. Што и да треба да направите, немојте да се чувствувате лошо откако ќе го направите тоа. За време на оваа пандемија, најважно е да се грижите за себе, особено затоа што не можете да го живеете типичниот начин на живот.
Овие неколку совети ќе ви помогнат да се грижите за себе кога ќе почувствувате појава на вознемиреност или депресија.
1. Обидете се да немате „ништо“ денови
Обидете се да ги избегнувате деновите во кои нема да правите ништо, иако сега е неверојатно тешко да се прескокнат. Важно е да правите нешто секој ден за да се чувствувате среќно и продуктивно. Затоа, направете список со неколку работи што сакате да ги направите во текот на денот.
Списокот не мора да содржи некои големи цели, но запомнете дека нешто е подобро од ништо. Една порција зеленчук е подобро од ниту една, а пет минути медитација е подобро од нула.
Прецртувањето дури и на најмалите работи од вашиот список ќе ви предизвика радост.
2. Разговарајте со себе
Може да се обидете да разговарате со пријател за тоа како поминал вашиот ден или да се снимате себеси додека зборувате за одредени работи ако не сакате да пишувате. Ова е особено корисно, затоа што секојдневно ќе водите евиденција за вашиот живот, што би можело да биде прилично интересно да го чувате откако ќе заврши оваа пандемија.
3. Излезете надвор
Одете на прошетка, трчајте, возете велосипед или седете во дворот. Во овие моменти, на сите им е потребен свеж воздух, па не ви треба куче или пријател, едноставно зграпчете ги слушалките и излезете, дури и само на десет минути.
На тој начин ќе ја разбистрите главата, а освен тоа, прошетката може да смета како нешто што сте го реализирале од списокот на обврски за тој ден.
4. Контактирајте со вашите најблиски
Немојте да мислите дека ги вознемирувате најблиските или дека тие повеќе сакаат да направат нешто друго отколку да разговараат со вас. Буквално сите се во карантин, па што може да прават друго?
Сигурно и тие се чувствуваат исто како вас, па зошто да не се жалите заедно? Буквално никој не знае што ќе се случи, па зошто да не шпекулирате? Или едноставно разговарајте за тоа што направивте во текот на денот.
5. Посветете се на вашето хоби
Што и да сакате да направите, сторете го тоа. Имате многу слободно време деновиве.
Сега е идеално време да пробате и нешто ново, особено затоа што многу луѓе работат од дома или се без работа. Отсекогаш сте посакувале да направите леб? Сега имате можност да научите како се прави. Или можеби отсекогаш сте сакале да пробате да пеете.
Имате многу слободно време, па затоа обидете се да бидете зафатени колку што е можно повеќе. Тоа не значи тека треба да се критикувате ако не пробате сè што некогаш сте посакувале или ако не сте совладале некоја нова вештина.
6. Вежбајте сочувство кон себе
Ова е тежок и ранлив период за секого, па затоа не отежнувајте си го уште повеќе. Не е крај на светот ако имате „ништо“ ден. Вие не сте пропаст затоа што не го користите времето како вашиот најдобар пријател што шие маски за лице за медицинскиот персонал што нема заштитна опрема.
Правете го тоа што можете и не се споредувајте со никој друг. Тоа што нема да излезете од карантин со стомачни мускули не ве прави лоша личност.
Правете го тоа што мислите дека ќе ве утеши во овој период и не срамете се од тоа како ќе изберете да се справите со стресот.
Погледнете кои се 11-те видови луѓе во карантин и нивните смешни описи.