6 работи кои никогаш не смеете да ги ставате во микробранова печка
За некои луѓе е навистина тешко да си го замислат животот без микробранова печка. Интересно е што овој апарат е измислен случајно, како резултат на истражување од Втората светска војна. Кога еден инженер работел со микробранови, забележал дека чоколадото во неговиот џеб се растопило и на тој начин добивме нов кујнски апарат.
Како работи микробрановата печка?
Микробрановите се користат многу често, и тие се бранови на електромагнетна радијација. Нивната најпозната карактеристика е тоа што создаваат доволно топлина за да ја зготват храната. Микробрановите се пократки од радиобрановите, но подолги од инфрацрвената радијација. Микробрановите се местат на фреквенција која ги топли молекулите на водата во храната, или што било што сакате да стоплите. Сепак, некои работи не треба да ги ставате внатре.
1. Алуминиумска фолија
Ако веќе сте го направиле ова, сигурно ви е јасно дека не треба да го повторите. Алуминиумот не може да ги поднесе микробрановите и ќе ја апсорбира топлината толку брзо што ќе се запали.
2. Грозје
Грозјето не е нешто што би го ставиле во микробранова печка, и има добра причина за тоа. Иако постојат многу видеа каде што „научниците“ прават експерименти со грозје во микробранова печка, вие не мора да го правите тоа. Едно зрно грозје може да го зголеми интензитетот на микробрановите, многу да се загрее, а поради тоа да експлодира или да се запали.
3. Стиропор
За разлика од работите спомнати погоре, стиропорот нема да се запали, но ова не значи дека треба да го ставите во печката. Стиропорот е вид пластика која сепак се топи ако предолго е изложенана на висока температура. Покрај тоа, тој не ја „поднесува“ топлината многу добро. Тој е направен од материјали кои може да бидат и канцерогени. Ако пиете од чаша од стиропор нема да добиете рак, но ако ја загреете ќе се испуштат некои од отровните материи, кои сигурно не сакате да ги внесете во вашето тело.
4. Цели јајца
Изгледа дека постојат безброј начини за приготвување јајца. Па ако сакате да подготвите јајце во микробранова, никогаш не правете го тоа со лушпата. Во микробрановата печка лушпата на јајцето ќе се загрее многу брзо, па ќе се создаде пареа. Кога лушпата нема да може да го издржи притисокот од пареата, ќе експлодира.
5. Хартиени кеси
Можеби ова не ви звучи како лоша идеја, но има некои негативни последици. Хартиените кеси не се санитарни, може да емитуваат токсични гасови, може да започнат пожар и да ја загадат вашата храна.
6. Лути пиперки
Како и јајцата, така и пиперките имаат простор во нив каде што може да се создаде пареа. Ова ја прави пиперката да чади. Она што е непријатно за чадот е што и тој ќе биде „лут“ и речиси сигурно ќе ги иритира вашите очи и грло.
Погледнете и неколку одлични рецепти за кои ви е потребна само микробранова печка.