6 причини зошто детскиот оптимизам ќе ви помогне да постигнете повеќе
Децата не се само нашата иднина, тие можат да бидат и нашите водачи. Истражувањата покажуваат дека има многу што може да се добие со имитирањето на детскиот оптимизам. Будењето на вашата внатрешна позитивност може да ви помогне полесно и побрзо да ги остварите своите цели, да издржите низ тешките периоди, па дури и да ви овозможи подолг живот.
1. Поверојатно ќе добиете нова работа
Според истражувачите од областа на позитивната психологија, оптимистите можат полесно да најдат нова работа бидејќи со сите пречки на патот се соочуваат на ист начин: Радосно, одлучно и самоуверено. На песимистите им е потребно повеќе време да одлучат да преземат нешто за да ја сменат ситуацијата и кога конечно ќе го направат тоа тие се помалку ентузијастични, што може да ги намали шансите за успех.
2. Ќе оставите подобар впечаток
Среќата продава. Податоците од спроведените студии покажуваат дека оптимистичните продавачи и трговци достигнуваат многу повеќе продажби од нивните помалку оптимистични колеги за неверојатни 37%.
3. Ќе ја подобрите мозочната активност
Има причина зошто децата се способни да завршат тешки игри или да решат комплицирани загатки – нивниот оптимизам им дозволува нивната имагинација да не познава граници. Во последната студија каде биле тестирани 5 различни групи луѓе: На првата им биле покажани снимки кои предизвикуваат чувства на радост, втората група чувства на задоволство, третата – неутрални чувства, четвртата – чувства на страв и петтата, снимки кои предизвикуваат бес и лутина, и на кои им било дадено лист со хартија каде требало да напишат 20 реченици започнувајќи со „Би сакал/а да…“, првата група имала најмногу одговори.
4. Нема да се откажувате
Децата често стануваат откако ќе паднат исто како ништо да не било. Позитивните луѓе имаат помала веројатност да се откажат кога поминуваат низ тешки периоди, наместо тоа тие пречките ги гледаат како повремени и променливи.
5. Ќе заработите повеќе пари
Насмевката може да ви донесе поголема финансиска сметка. Научниците и психолозите велат дека оптимистите и ентузијастите имаат поголеми шанси да добијат кредит од банките. Можеби затоа децата секогаш добиваат пари за родендени, успеси на училиште и доброто однесување.
6. Ќе живеете поздрав живот
Кога размислувате како дете и вашето тело ќе се чувствува помладо. Фокусирањето на негативните работи во животот може да влијае на вашето здравје. Во едно истражување од 2015-тата година се заклучило дека оптимистите имаат 76% поголема веројатност да имаат добра и стабилна здравствена состојба. Позитивните личности имаат шанси да живеат подолг и попродуктивен живот. Затоа, насмевнете му се на животот и сѐ ќе биде во ред.