6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваат
Границите се оние непишани правила кои сите ги имаме и практикуваме за да се заштитиме себеси од туѓото однесување и да ги исполниме своите желби и потреби. Во оние моменти кога им дозволуваме на другите да ги преминат нашите социјални граници со тоа што нема да ги засилиме или гласно да го искажеме својот став, тогаш неретко анксиозноста и несреќата се јавуваат како резултат. Кога не сме сигурни кои се нашите граници или постојано им дозволуваме на луѓето да се извлечат со однесување кое не би требало да го дозволиме, тогаш се соочуваме со неколку емоционални несакани дејства.
За жал, ние не можеме секогаш да ги препознаеме овие несакани дејства сѐ до оној момент кога сме дозволиле другите да нѐ третираат лошо. Во тој контекст, прочитајте ги 6-те знаци кои укажуваат на тоа дека на вашите граници им треба поправка.
1. Се чувствувате несигурно и искористено
Да се чувствувате несигурно и искористено е директен резултат од оние ситуации кога давате повеќе помош и совети отколку што разумно треба да давате. Проблемот е поврзан со границите, бидејќи, ако намалите со помагањето или советувањето кога ќе забележите дека вашиот труд не е ниту ценет ниту возвратен, тогаш нема да се чувствувате огорчени кога не сте го добиле тоа што сте се надевале дека ќе го добиете како знак за почит.
2. Алергични сте на зборот „Не“
Независно дали луѓето често бараат работи од вас кои немаат причина да ги бараат или имате тенденција да сакате да ги усреќите и задоволите потребите на другите, сепак станува збор за проблем кој покажува дека не знаете што точно чувствувате, што ви е потребно и што сакате пред да направите разлика помеѓу откажувањето од нешто и неговото исполнување. Ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас. Ако не застанеме зад своите ставови и не речеме „не“, така засилувајќи ги границите, тогаш само дополнително го зголемуваме проблемот со тоа што ги тренираме другите да мислат дека сѐ што тие сакаат да прават, за нас е прифатливо.
3. Постојано се најоѓате во лоши ситуации
Ако им дозволите на луѓето да ја преминат вашата крајна линија на трпението и толеранцијата, тогаш вашите границите се повредени. Во тие моменти можеби нема да забележите дека проблемот е токму во границите бидејќи ќе бидете преокупирани со непријатни чувства поради луѓето кои постојано го туркаат вашиот лимит.
4. Ги обвинувате другите
Вината и обвинувањето на другите се два различни поими. Второто е знак дека или им дозволувате на другите да преминуваат преку вашите граници или дека тие не биле доволно цврсти уште од самиот почеток. Во оној момент кога ќе почнете да станувате поодговорни за вашата улога во секоја ситуација, ќе ви стане јасно каде не сте ги почитувале своите граници.
5. Потешко ги изразувате своите чувства, желби и потреби
Честопати луѓето со проблеми во нивните граници не знаат што точно сакаат или што им треба во нивниот живот. Ако искусувате проблеми и потешкотии кога треба да си ги задоволите потребите, користејќи јасна комуникација, тогаш веројатно и вие припаѓате на претходната група луѓе. Можеби патите длабоко во себе, а, со тоа што не можете добро да се изразите, вие само дополнително го проширувате и комплицирате проблемот.
6. Претпоставувате дека луѓето сами ќе го поправат своето однесување
Ако постојано посакувате и се надевате дека некој ќе застане на ваша страна, иако тие продолжуваат константно да ве разочаруваат, тогаш очекувате премногу од некој кој не е доволно инвестиран во вас и вашето пријателство. Тоа може да биде знак дека вашите желби не соодветствуваат со реалноста и вие не правите тешки одлуки за односот.