6 предмети од работното биро кои откриваат некои ваши карактеристики
Вашето работно биро е исполнето со валкани филџани од кафе? На него држите спојувалки во боја? Или пак на вашето работно биро не се наоѓа ништо друго освен едно пенкало? Изгледот на работното биро, односно предметите кои ги држите на него може да откријат многу за вашата личност!
1. Спојувалки во боја
Поминувате многу време „сурфајќи“ по порталите за животен стил и фантазирате да направите некаков бизнис од вашиот Инстаграм профил. На социјалните мрежи редовно објавувате фотографии од очилата за сонце наместени до филџанот утринско кафе кое потоа добро го филтрирате.
Вие сте главниот организатор на новогодишните забави и праќате имејлови во кои останатите ги потсетувате за родендените на колегите. Поради тоа, сите ве сакаат.
2. Потсетник во кој пишувате сѐ што треба да направите
Книжењето на извршените задачи во бележник доста ве исполнува што ве прави практична личност. Помили ви се физичките книги отколку електронските, кујната отколку јадењето во ресторан, гледањето филмови во кино отколку на Интернет. Исто така, на работното место сакате да носите пристојна, класична облека отколку тренди парчиња.
Останатите постојано ве прашуваат да им препорачате добро вино или книга. Можеби некои ве сметаат за сноб, но вие сте само личност која знае што сака.
3. Неколку валкани филџани од кафе
Драмата за вас започнува уште рано наутро, без разлика дали станува збор за расправија со партнерот, непослушните деца, пасивно-агресивниот цимер, сообраќајниот метеж на патот до работното место… До 8 часот наутро вие сешто сте доживеале и до детали ќе им го прераскажете тоа на вашите колеги.
Од поведрата страна, експерт сте за водењето на работата, додека сѐ уште сте мамурни и во фиоката од работното биро секогаш чувате екстра блуза, фустан или пар обувки. Исто така, ги знаете сите најдобри места за забава по работата.
4. Пенкала во сите бои
Горди сте на вашите профили на Инстаграм и Пинтерест и не ви е јасно зошто некои луѓе од вашата канцеларија не се ваши следбеници на социјалните мрежи. Уверени сте дека со тоа тие губат. Експерти сте во подготвувањето здрава храна, знаете како да направите бисквити без глутен и на сите им велите дека палачинките од киноа се одлични.
Размислувате за тоа со различни бои да ги означите полиците за книги, бидејќи ќе изгледа забавно, и ве нервира кога само вие давате идеи на работниот состанок. Сепак, потајно уживате во тоа.
5. Едно пенкало и скоро ништо друго
Ја мразите вашата работа и едвај чекате крај на работното време. Во текот на паузата за ручек испраќате апликации за други работни места. Наместо да ги извршувате работните задачи, поголемиот дел од времето го поминувате „сурфајќи“ по Интернет и одржувајќи го вашиот профил на Линкедин.
Живеете од ден за ден, а утеха наоѓате во јогата, медитацијата, кафето или инспиративните цитати. Повремено си дозволувате олеснување, па плачете во тоалетот на работното место, а потоа повторно се собирате и продолжувате.
6. Фотографии од мачки
Вие сте самопрогласен канцелариски чудак кој зборува со интернет речник и сите ги известувате за новостите од животот на Бијонсе. Најверојатно работите во некој социјален медиум или компанија која се занимава со поразличен вид на маркетинг каде што можете да бидете чудни колку што ќе посакате и да го нарекувате тоа „брендирање“. Сакате впечатливи ланчиња, хеланки со принтови и да ги гледате колегите како ве потценуваат само поради тоа што носите женствени фустани.
Никој не ве смета за конкуренција, па со скриена насмевка со шефот водите преговори за зголемување на платата без никој од вашите колеги да знае.