6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родители
Многу познати личности посвојуваат деца од разни земји ширум светот за да им овозможат среќен живот. Но, и меѓу славните има такви кои не пораснале со нивните биолошки родители туку во семејство основано од страна на непознати луѓе. Прочитајте ги следниве 6 приказни за посвојување со среќен крај кои сведочат за тоа дека родителската грижа и љубов може да дојде и од луѓе кои не се биолошки родители…
1. Стив Џобс и неговиот биолошки тато Абдулфата (Џон) Џандали
Стив Џобс бил роден на 24 февруари 1955 година во приватна клиника во Сан Франциско. Неговата биолошка мајка, студентка по име Џоан Шибли, го оставила детето, бидејќи била под голем притисок од страна на нејзините родители. Кога тие дознале дека забременила од Сириецот Абдулфата Џандали, ѝ се заканиле дека ќе се откажат од неа.
Новиот татко на Стив, Пол Џобс, му ја всадил на детето љубовта кон електрониката. Тој исто така платил за образованието на Стив и на тој начин му ги отворил вратите до успехот. На Стив Џобс не му се допаѓало кога неговите родители биле нарекувани „старатели“. Тој велел дека тие се 1.000% негови родители.
2. Никол Ричи и нејзиниот биолошки татко Питер Мајкл Есковедо
Родителите на Никол Ричи се грижеле за неа додека не наполнила 3 години и потоа грижата му ја препуштиле на нивниот пријател Лајонел Ричи. Тоа се случило поради тешката финансиска ситуација на семејството. Родителите на Никол едноставно не можеле да ѝ го овозможат сето она што ѝ било потребно. 6 години подоцна, Лајонел Ричи и жена му, Бренда Харви Ричи, официјално го посвоиле девојчето, а Мајкл Џексон станал нејзин кум.
Во едно интервју Никол го признала следново: „Моите родители беа пријатели со Лајонел…. Тие верува дека тој ќе може подобро да се грижи за мене“. Таа исто така открила дека сѐ уште комуницира со нејзината биолошка мајка.
3. Џејми Фокс
Познатиот американски актер, Џејми Фокс, бил роден во Тексас во семејството на Луис Диксон и Дарел Бишоп. Кратко време по неговото раѓање, родителите го оставиле и тој бил посвоен од страна на Марк и Естер Мари Тели. Џејми пораснал во афроамериканско соседство и неговата баба имала најголемо влијание на него. Таа му ја всадила љубовта кон уметноста, го научила да свири пијано и влијаела на неговата одлука да студира класична музика на факултет.
4. Реј Лиота
Биолошките родители на Реј го оставиле, бидејќи не можеле финансиски да си дозволат да се грижат за дете. Момчето било посвоено од страна на богати Италијанци, благодарение на кои добил прекрасно презиме и ново семејство. Тие исто така посвоиле и девојче Линда, па така Реј имал двајца родители и сестра.
5. Коко Шанел
Најпознатата модна дизајнерка во светот била родена во 1883 година во Саумур. Нејзините родители не можеле да се грижат за децата, бидејќи покрај Коко имале уште 4 деца, па така тие поголемиот дел од времето го поминувале со нивните роднини.
Кога Коко наполнила 12 години, татко ѝ го напуштил семејството. Таа била однесена во сиропиталиште, потоа во католички манастир и на крај во интернат. Според Коко, токму ваквата животна ситуација го наметнала нејзиниот избор за идна професија. Таа била принудена да носи сива, здодевна униформа целиот нејзин живот, па затоа отсекогаш сонувала да ги облекува жените ширум светот во убава облека.
6. Џон Ленон
Кратко по раѓањето на Џон, неговите родители се развеле. Мајка му нашла нов маж и грижата за момчето ѝ била препуштена на тетка Мими и нејзиниот сопруг. Според Ленон, Мими била многу строга и не го одобрувала неговиот интерес за свирење гитара. Таа секогаш велела дека гитарата е убава работа, но нема да му донесе заработувачка.
Прочитајте ги и следнив 6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење.