6 поучни приказни од менаџерскиот свет кои ќе ви користат во секојдневниот живот

6 поучни приказни од менаџерскиот свет кои ќе ви користат во секојдневниот живот

Да се биде менаџер или човек на висока функција не е воопшто лесно. Големиот број обврски, стресот и сличните нешта ги прават овие професии исклучително тешки. Да се биде менаџер е голем предизвик, но после овие 6 приказни, тоа станува многу полесно. Освен на менаџерите, овие приказни ќе им користат и на секојдневните луѓе во разни секојдневни ситуации. Погледнете за што всушност станува збор.

0-6-pouchni-prikazni-od-menadzherskiot-svet-koi-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevniot-zhivot-kafepauza.mk

Прва лекција:

Маж влегува да се тушира, во истиот момент кога неговата жена завршува со туширањето. Ѕвони ѕвончето. Жената брзо се завиткува во крпа и трча да отвори. Кога ја отвора вратата, таму стои Боб, нивниот сосед. Пред таа да успее да изусти збор, Боб ѝ вели: „Ќе ти дадам 800 долари за да го тргнеш пешкирот.“

Откако размислила, жената го тргнала пешкирот и стоела гола пред Боб. По неколку секунди, Боб ѝ ги дава парите и си заминува. Жената повторно се завиткува во пешкирот и се качува горе. Кога влегува во бањата, нејзиниот маж прашува: „Кој беше на вратата?“ „Тоа беше Боб, соседот“ – таа возвраќа. „Одлично, ти спомна нешто за 800-те долари кој ми ги должи?“

Поука од приказната: Ако ги споделите критичните информации во врска со долгот и ризикувате со вашите акционери на време, можеби ќе бидете во позиција да го спречите евентуалното разоткривање.

Втора лекција:

Свештеник превезува калуѓерка. Таа влегува во автомобилот и ги скрстува своите нозе, отскривајќи ја нејзината нога. Свештеникот за малку не предизвикува сообраќајна несреќа. Откако успеал да одржи контрола врз воланот, тој полека ја лизга неговата рака нагоре по нејзината нога. Калуѓерката рекла: „Оче, го паметите Псалм 129?“ Свештеникот ја тргнал неговата рака.

Кога менувал брзини, тој повторно ѝ ја допрел ногата, а калуѓерката уште еднаш рекла: „Оче, го паметите ли Псалм 129?“ Свештеникот се извинил: „Извинете сестро, но телото не може да се воздржи.“ Пристигнувајќи во манастирот, калуѓерката воздивнала и си заминала по нејзиниот пат. При пристигнувањето во црквата, свештеникот побрзал да види што е Псалм 129. Тој гласел: „Оди напред и барај погоре, таму ќе најдеш слава.“

Поука од приказната: Ако не сте добро информирани околу вашата работа, можете да пропуштите прекрасна можност.

Трета лекција:

Продавач, службеничка и менаџер одат на ручек и пронаоѓаат стара газиена ламба. Тие ја тријат и од неа излегува дух. Духот вели: „Сите имате право на една желба.“ „Јас прва! Јас прва! – вели службеничката. „Јас сакам да бидам на Бахамите, да се возам со глисер, без да имам грижи! Ја снемува.

„Јас сум следен, јас сум следен! – извикува продавачот. „Јас сакам да бидам на Хаваите, одмарајќи се на плажа со мојата лична масерка, бесконечни залихи на пинаколада и љубовта на мојот живот.“ И него го снемува.

„Во ред, ти си следен“ – духот му се обраќа на менаџерот. Менаџерот рекол: „Сакам тие двајца да се вратат на работа одма после ручекот.“

Поука од приказната: Секогаш оставете го вашиот шеф прв да каже.

Четврта лекција:

Орел се одмара на дрво и не прави ништо. Малото зајче го гледа орелот и го прашува: „Може и јас да си седам и да не правам ништо?“ „Може, зошто да не“ – возвратил орелот. Зајчето си седнало на земјата под орелот и се одмарало. Одненадеж се појавила лисица, го нападнала и го изела зајчето.

Поука од приказната: За да седите и да не правите ништо, мора да седите многу, многу високо.

Петта лекција:

Мисирка разговара со бик: „Многу би сакала да се качам на врвот од тоа дрво, но немам толку енергија“ – воздивнала мисирката. „Па зошто не јадеш малку од мојот измет? Полн е со хранливи материи“ – ѝ возвратил бикот. Мисирката каснала малку од изметот и открила дека навистина ѝ дава сила, но само за да ја достигне најниската гранка од дрвото. Следниот ден, по конзумирање уште измет, мисирката стигнала до повисока гранка. Конечно, после четири дена, мисирката се истопорила на врвот од дрвото, но ја забележал фармер кој пукал во неа и ја бутнал на земја.

Поука од приказната: Гомната можеби ќе те донесат до врвот, но нема да те одржат таму.

Шеста лекција:

Мала птица летала кон југ за да презими. Било толку ладно што птицата замрзнала и паднала во големо и пространо поле. Додека лежела, поминала крава и исфрлила измет на птицата. Како што лежела, птицата почнала да се загрева од изметот. Птицата продолжила да се грее, целата среќна и затоплена и набрзо почнала да пее од среќа. Во тој момент, поминувала мачка која слушнала звуци. Следејќи ги звуците таа ја открила птицата. Прво го тргнала изметот, а потоа ја изела птицата.

Поуки од приказната:

1. Не секој што ќе се посере врз вас ви е непријател.

2. Не секој што ќе ве извади од гомната е ваш пријател.

3. Кога сте во гомна до гуша, најдобро е да молчите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар