6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Доколку планирате да патувате оваа година, можеби е веќе време да се одлучите за дестинација. Патувањето е еден од најдобрите начини да научите нешто повеќе за себе, а посетувањето нови места ќе ви ги прошири видиците и ќе ви даде нова перспектива кон животот. Постојат некои дестинации кои никогаш не се здодевни, но на оваа листа ќе најдете места кои другите често ги забораваат. Па, подгответе го куферот и упатете се кон некои од најневеројатните потценети дестинации.

1. Непал

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Непал е полн со пејзажи кои се како од друг свет и дефинитивно ќе ве восхитат. Без разлика дали сакате авантура па ќе планинарите на Хималаите, или едноставно сакате да уживате во неверојатните глетки, ова ќе биде патување што нема да го заборавите.

2. Камбоџа

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Најверојатно кога мислите на Југоисточна Азија прво помислувате на Тајланд, но Камбоџа е соседна држава која исто така може да ви понуди многу. Од неверојатниот храм Анкгор Ват, до прекрасните спа третмани, овде навистина има што да правите и што да видите.

3. Романија

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Можеби Романија не е прва на листата за посета на европските држави, но ќе се изненадите од она што може да ви го понуди. Можете со денови да ги истражувате замоците, а тоа ќе биде само почетокот на патувањето.

4. Гренланд

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Зошто да не ја посетите Гренланд оваа година? Доколку сте со авантуристички дух, навистина ќе ви се допаднат сите активности на отворено, од кајакарство и качување карпи, па сè до нуркање. Природната убавина на оваа држава нема да ве остави рамнодушни.

5. Занзибар

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Занзибар е позната по тиркизната вода, па подгответе ги костимите за капење. Ова е совршена дестинација за мало бегство од реалноста и дефинитивно заслужува да се најде на вашата листа. Ова е одлично место за љубителите на водата и оние кои сакат спортови на вода. Ќе можете да се релаксирате и да ги впивате сончевите зраци.

6. Словенија

6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

Словенија е како мал рај во Централна Европа и навистина вреди да ја посетите. Државата е полна со планини и смарагдно зелени води кои изгледаат како да излегле од бајка. Овде можете да ги истражувате пештерите, замоците и прекрасните пејзажи и сигурно нема да зажалите што сте ја посетиле.

Погледнете и кои се средновековните знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар