6 положби на спиење кои откриваат интересни работи за вашето куче

6 положби на спиење кои откриваат интересни работи за вашето куче

Кучињата поголемиот дел од денот го минуваат спиејќи. Но, дали некогаш сте се запрашале што положбата во која спие открива за вашето куче? Спиењето на страна, на стомак или на грбот понекогаш е моментален избор на песот, но и физички показател што ги открива неговите навики и карактер.

1-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

1. Спиење на едната страна

Ако вашиот миленик има навика да спие на едната страна, тоа значи дека се чувствува удобно во околината која го опкружува. Оваа положба на спиење открива дека кучето се чувствува сигурно и благословено што е во вашиот дом и друштво. Освен тоа, има голема количина на доверба во вас. Кучето кое спие на едната страна е среќно куче и лојално на својот сопственик.

2-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

2. Спиење во склупчена положба додека шепите се под телото, а опашката ја допира главата

Положбата на лисица е најчестата положба за спиење помеѓу кучињата. Нивните шепи се удобно наместени под телото, а опашката останува по должина на телото, односно, ја допира неговата глава. Вака склупчено, вашето куче природно ја задржува телесната температура и ги штити главата, вратот и сите останати витални органи. Кучињата кои спијат во оваа положба се нежни, мили и пријателски расположени.

3-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

3. Спиење на стомак со испружени четири нозе, а главата го допира подот

Многу кучиња спијат на овој начин. Со испружените четири нозе и главата која го допира дното, кучето во оваа положба изгледа како да лета. Оваа положба на кучињата им овозможува брза реакција, односно брзо станување и акција. Кучињата кои спијат во оваа положба имаат многу енергија и се динамични.

4-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

4. Спиење на грбот со нозете испружени во воздух

Иако оваа положба изгледа малку чудно, тоа не е никаква причина за грижа. Тоа само значи дека тие се многу сигурни во себе и дека се чувствуваат сигурно во сопственото опкружување. Спиењето на грб е една од положбите за спиење во кои кучињата се најмногу ранливи, а оние кучиња кои спијат на овој начин обично се многу опуштени во својот дом.

5-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

5. Спиење на стомак, додека предниот дел од телото е свиткан на едната страна

Кучињата кои спијат во оваа положба не може да бидат опуштени, бидејќи мускулите им се премногу напнати за да им дозволат да влезат во РЕМ фазата. Но, не мора да се грижите. Тоа не значи дека вашето куче не е опуштено додека е будно. Тоа може да има многу енергија и да биде авантуристичко расположено за акција и забава во секој момент. Милениците кои спијат на стомак се многу нежни, а воедно и малку плашливи.

6-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_

6. Спиење на грбот додека задните нозе му се во воздух

Многу кучиња кои спијат во домот заземаат ваква положба како да се онесвестени. Кучето кое лежи на грбот на тој начин си помага самото на себе да ја намали температурата на телото. Кучињата кои трошат многу енергија во текот на денот, или кои се многу загреани, нема да спијат на грб. Освен тоа, ако вашето куче се чувствува сигурно и опуштено, ќе спие на грб и притоа ќе ги дигне нозете во воздух. Кучињата кои спијат во оваа положба се многу сигурни во себе и исто така, лесно се прилагодуваат на новите и поразлични ситуации.

7-6-polozhbi-na-spienje-koi-otkrivaat-interesni-raboti-za-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. С.мона Reply

    Дефинитивно авторка со најдобри статии! Одлични сте!

Остави коментар