6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Кога се во прашање изуми кои ја промениле и обележале историјата, први луѓе кои ни паѓаат на ум се Томас Едисон, Никола Тесла, Леонардо да Винчи и многу други. Меѓутоа дали некогаш сте се запрашале кои жени го имаат променето светот со своите изуми?

Бришачи за автомобил

Мери Андерсон во далечната 1903 година се сетила дека бришачите за автомобил можат да бидат многу корисни. Овој пронајдок таа го патентирала една година покасно, а во сериско производство е воведен дури неколку децении подоцна. Оттогаш, не може да се замисли автомобил без овој мошне едноставен, а многу корисен дел.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Монопол

Елизабет Меги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Играта оригинално се викала „The Landlord’s Game“, а ја патентирала во 1903 година. Иако во денешно време намената на оваа игра е добра забава и дружба со семејството и пријателите, во тоа време таа сакала да го демонстрира трагичниот ефект кој го носат алчноста и скржавоста.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Соларно греење

Унгарката Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Таа во 1925 година се преселила во САД и започнала да работи на еден проект кој се бавел со оваа проблематика. Во 1940 година таа го направила и развила првиот соларен систем за греење на домови, а за реализација на овој проект ѝ помогнала уште една успешна жена, архитектката Еленор Рејмонд.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Пиво

Иако со сигурност не можеме да тврдиме кој прв го измислил пивото кое го пиеме денеска, податоците до кои дошле истражувачите говорат дека тоа била жена. Имено, пред 7.000 години во Месопотамија, жените биле задолжени да произведуваат пиво. Тоа било задача која знаеле да ја извршуваат само припадничките на понежниот пол.

Пивото тогаш се сметало за божји дар, а судејќи по неговата популарност, денеска сѐ уште е еден од најпопуларните пијалаци на сите времиња, благодарение на вредните жени.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Противпожарни скали

Првите противпожарни скали за зграда, кои треба да помагаат зградата побрзо да се евакуира при случај на пожар, ги смислила Ана Конли во 1897 година. Нејзината идеја ја прифатиле голем број архитекти, а се користи и до денешен ден.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

Панцир

Верувале или не, заштитниот блиндиран елек, попознат како панцир го смислила жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањето кое го спровела, резултирало со пронаоѓање на панцирот, односно на металот кој се користи за негова изработка.

Изумот го патентирала во 1966 година, а тоа не бил нејзиниот единствен пронајдок. Во богатата, четириесетгодишна кариера, Стефани патентирала повеќе од 40 различни изуми, а влезена е и во куќата на славни пронаоѓачи.

6 неверојатни работи чии пронаоѓачи се жени

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. ZeroZilla Reply

    Ада Агуста – првиот програмер во светот, пишувала програми на аналитичка машина, инаку керка на поетот Гордој Бајрон 🙂

Остави коментар