6 неверојатни индијански поговорки кои ќе ве натераат да размислите

6 неверојатни индијански поговорки кои ќе ве натераат да размислите

Индијанците отсекогаш биле во допир со некоја сила која е поголема од нив.

6-neverojatni-indijanski-pogovorki-koi-kje-ve-nateraat-da-razimslete-kafepauza.mk

„Големиот дух е во сите нас: Тој е во воздухот што го дишеме. Големиот дух е нашиот Татко, но земјата е нашата Мајка. Таа нè одгледува, она што го ставаме во земјата, таа ни го враќа.“

Тие имаат длабока почит за животот, природата и земјата, а тоа можете да го забележите во нивните мудрости и поговорки.

„Само кога ќе умре последното дрво, кога ќе биде затруена последната река, кога ќе биде фатена последната риба, ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“

Оваа поговорка е потсетник за последиците на однесувањето на човекот. Дали ќе дозволиме нашата алчност за богатство да нè доведе до овде?

„Однесувај се добро кон земјата. Таа не ти е дадена од родителите. Таа ти е позајмена од твоите деца. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ние ја позајмуваме од нашите деца.“

Додека сме овде, земјата не е наша за да ѝ правиме што сакаме.

„Кога се сомневате, бидете мирни и чекајте. Кога сомнежот ќе исчезне можете храбро да одите напред. Па сè додека сте опкружени со магла, бидете мирни. Бидете мирни додека сонцето не ја растури маглата. Тогаш делувајте.“

„Човештвото не ја исплетело мрежата на животот. Ние сме само една мала нишка во неа. Што и да ѝ правиме на мрежата, си го правиме и на самите себе. Сите работи се споени заедно. Сите работи се поврзани.“

На крај, прочитајте ја и оваа молитва на Индијанците Чироки.

„О, Голем духу, помогни ми секогаш тивко да ја зборувам вистината, да ги слушам другите со отворен ум и да запомнам дека мирот се наоѓа во тишината.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар