6 нешта кои би требало да можете да ги правите без вашиот смартфон

6 нешта кои би требало да можете да ги правите без вашиот смартфон

Дали сте робови на нотификациите од вашиот смартфон? Дали оддалечувањето од вашиот уред е многу полесно да се каже отколку да се направи? Една студија покажала дека одделувањето од мобилниот телефон може да предизвика анксиозност и намалени когнитивни перформанси.

6 нешта кои би требало да можете да ги правите без вашиот смартфон

Истражувачите откриле дека кога не им било дозволено да се јават на повик, кај корисниците на смартфони се зголемувало отчукувањето на срцето и нивото на крвниот притисок што укажува на појава на анксиозност. Тие исто така полошо ги изработувале своите задачи доколку нивните смартфони не им биле во близина. „Нашите истражувања покажуваат дека одделувањето од смартфоните може негативно да влијае врз менталните задачи“, вели Расел Клејтон, водечкиот автор на истражувањето.

Но, постојат некои работи кои едноставно мора повторно да научиме како да ги правиме без нашиот смартфон, бидејќи тој негативно влијае на квалитетот на нашиот живот. Погледнете 6 од нив…

1. Вашата работа

Истражувањата ни покажуваат дека околу 80% од луѓето го проверуваат својот имејл и надвор од работното време. Но, одговорите на вашиот шеф во 10 часот навечер нема да ве направи подобар вработен во неговите/нејзините очи. Баш напротив, одговарањето на мејловите во истиот момент кога сте ги добиле може негативно да влијае врз вашата работа. Една студија од 2014 година која била објавена во „Journal of Occupational Health Psychology“ открила дека оние кои се фиксирани да одговараат на своите мејлови и надвор од работното време имаат многу поголеми шанси да се чувствуваат преморени, да бидат ненаспани, да имаат недостиг на концентрација, па и да отсуствуваат од работа. Некои компании, па дури и држави, сметаат дека забраната на имејли вон работното време ќе помогне со продуктивноста во работата.

2. Јадењето надвор

„Многу луѓе инстинктивно го ставаат својот смартфон на масата додека се на ручек со некој познајник. Тој е како гостин чија улога е да ги прекинува сите“, вели Даниел Сиберг, автор на книгата „The Digital Diet: The 4-step plan to break your tech addiction and regain balance in your life“. На страна од тоа, самото присуство на вашиот мобилен телефон на масата може да го намали квалитетот на разговорот. „Чувајте го вашиот смартфон во вашиот џеб или чанта, но доколку очекувате итен повик тогаш објаснете му го тоа на вашиот соговорник“, сугерира Сиберг. Постои уште еден трик кој може да го подобри квалитет на состанокот, а тоа е да се соберат сите телефони на едно место. „Сите ги ставаат своите мобилни на средината од масата и првиот кој ќе посегне по својот е оној кој треба да ја плати сметката.“

3. Возењето од точка А до точка Б

Употребата на GPS сè повеќе почнува да се користи во секојдневието, а тоа може да влијае негативно врз вас. Според една британска студија, учењето на 25.000 улици и илјадниците знаци кои водат до таму го подобрува помнењето кај таксистите и создава повеќе нервни ќелии во хипокампусот.

4. Прошетка

2 од 5 тинејџери биле удрени (или скоро удрени) од автомобил или велосипед додека пешачеле гледајќи во своите смартфони. Оваа епидемија е уште полоша во големите градови како Њујорк, каде што пешаците кои не внимаваат на патот се однесуваат како „колички на удирање“ по тротоарот. „Обидете се да го тргнете вашиот поглед од смартфонот и насочете го малку кон вашата околина“, вели Сиберг. „Од кај знаете, може ќе откриете ново кафуле или пак, ќе пронајдете прекрасен дел од паркот. Тоа исто така е и можност да бидете сами и да се фокусирате за промена на своите мисли, наместо да бидете бомбардирани од стимули.“

5. Поминување време со вашите деца

„Секој родител знае дека смартфонот може да биде тежок за игнорирање додека си играте со мали деца. Без разлика дали сте надвор во природа или пак, одите до училиште со нив, многу е лесно да се изгубите во екранот на вашиот уред“, вели Сиберг. Други студии исто така покажале дека родителите кои се „залепени“ за своите уреди имаат многу понегативен однос со своите деца. Обидете се да му одолеете на вашиот смартфон и да им овозможите повеќе квалитетно време на вашите деца. „Ако се грижите затоа што вашите деца поминуваат премногу време на нивните мобилни, тогаш можеби е навистина време да се погледнете во огледало“, потсетува Сиберг.

6. Спиење

„Полнењето на вашиот смартфон во спалната соба е совршениот рецепт за намалување на квалитетот на сонот, зголемување на анксиозноста и намалување на интимноста“, вели Сиберг. Треба да постои забрана за внесување на мобилните уреди во спалната, исто како што има правило против телевизор на местото каде што спиете. „Со тоа што не си даваме самите на себе пауза на почетокот и крајот на денот, ние константно сме поврзани со светот и не му дозволуваме на нашиот мозок да одмори“, додава Сиберг. Други истражувања покажале и дека екранот на мобилниот може да го наруши нашиот биолошки ритам, така што ја намалува продуктивноста и квалитетот на сонот“, вели Сиберг. Направете си услуга и оставете го вашиот смартфон да се полни во друга просторија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар