6 научни факти за љубовта кои ќе ви го разјаснат ова збунувачко чувство
Тешко е да се даде дефиниција за љубовта. Поетите пишуваат за неа, филозофите ја дискутираат, музичарите ја опејуваат, а повеќето луѓе копнеат по неа. Нема сомнеж дека љубовта е комплицирана. Кога ќе ја почувствувате, ќе знаете за што се работи, но сепак нема да ви биде лесно да ја зачувате. За среќа, науката може да ни помогне да ја најдеме и одржиме љубовта во живот. Во продолжение, прочитајте ги 6-те научно докажани факти за љубовта кои ќе ви ги разјаснат работите…
1. Мозокот не реагира исто на љубовта и на страста
Хемијата и страста се многу важни љубовни состојки, но самите по себе не се доволни. Тие се главната причина за неуспехот на голем број кратки врски и интензивни летни романси. Испитувањата на мозокот навистина покажале дека тој реагира различно на љубовта и страста. Страста ги активира оние делови од мозокот поврзани со краткотрајните задоволства, а љубовта ги активира деловите поврзани со основните човечки потреби, како на пример пиењето вода кога сте жедни. Љубовта е долготраен нагон. Страста за одредена личност не може да трае со часови, месеци или години без престан. Со текот на времето, страста може да прерасне во љубов, но погрешно е да се измешаат овие две емоционални состојби.
2. Љубовта е чувство, но и свесна одлука
Дали некогаш сте се почувствувале безнадежно вљубени? Истражувањата покажале дека луѓето кои се многу вљубени си ги имитираат физиолошките ритми. Во текот на денот, вљубените луѓе мислат на саканата личност и подготвени се да сторат сѐ за да ја направат среќна. Но, истовремено љубовта е и избор што мора да се направи секој ден. Поради стресните надворешни влијанија, несогласувањата и конфликтите дури и најзаљубените парови можат да се разделат. Без разлика колку сте нервозни или лути, важно е свесно да ја одберете љубовта и да реагирате на таков начин што ќе ја зацврсти врската. Чувствата ќе го менуваат нивниот интензитет со текот на годините, но доколку навистина имате намера да сакате, тоа може да ја одржи љубовта во живот.
3. Можете да ја зголемите вашата способност за љубов
Моќта на свеста е голема и навистина може да ја подобри вашата способност за љубов. Моќта на свеста ја намалува активноста на оние делови од мозокот кои се задолжени за стравот и лутината. Таа поттикнува позитивни чувства како што е емпатијата и ни помага да се поврземе со луѓето на подлабоко ниво.
4. Љубовта го подобрува физичкото здравје
Секако дека романтичната љубов не е единствениот начин на кој можете да го подобрите вашето здравје, но која било форма на љубов може да придонесе за тоа да живеете долго и здраво. Истражувањата повеќе пати покажале дека оние кои постојано се чувствуваат осамено и отфрлено се изложени на поголем ризик од прерана смрт. Луѓето кои имаат остварено длабока емоционална поврзаност со некого се чувствуваат подобро и живеат подолго.
5. Љубовта е заразна
Луѓето кои редовно ги покажуваат основните елементи на љубовта, како што се сочувствувањето, емпатијата и искрената грижа, ги инспирирааат и другите да го прават истото. Без разлика дали имате успешна врска или едноставно се грижите за вашите блиски, вашата љубов може да послужи како пример кој ќе го следи целиот свет.
6. Понекогаш љубовта е нешто што треба да се научи
Љубовта оди рака под рака со довербата, искреноста и ранливоста. Се работи за функција од повисок ред која бара од предфронталниот кортекс да испрати доволно силни сигнали до амигдалата кои би го надминале инстинктивното чувство на страв и потреба за бегство. Кај луѓето кои доживеале некаква траума, таквата реакција е претерана и тешко е да се надмине. Со текот на времето, трпеливиот партнер може да ја научи личноста која има такви потешкотии повторно да доживее љубов. Меѓутоа, таа личност мора да биде психички и емоционално подготвена да помине низ тоа болно патување. Никогаш немојте да го форсирате потенцијалниот партнер да ве засака. И немојте да го чекате да биде подготвен за љубов. Доколку сте вложиле доволно време и труд, но не сте добиле никаков повратен одговор, време е да продолжите понатаму.
Тешко е да се дефинира, најде и задржи љубовта. Сепак, науката успеала да најде начин да ја разјасни оваа комплицирана емоција со тоа што ја олеснила потрагата по вистинска и вечна љубов.