6 најважни откритија во 2016 година кои ќе го променат светот
Гравитациони бранови, делови од диносауруси во килибар, потенцијален живот на друга планета – оваа година за научниците беше прилично турбулентна. Погледнете ги најзначајните откритија во 2016 година и нивната важност за понатамошно разбирање на светот во кој живееме.
1. Откриен е џиновски морски крокодил
Научниците во јануари донеле неверојатни вести дека пронашле досега најголем морски крокодил во африканската пустина. Врз основа на фосилните черепи и другите коски кои биле откриени во Тунис, истражувачите претпоставиле дека ѕверот би можел да порасне и до 9,14 метри во должина и да биде тежок околу три тони. Наречен „Machimosaurus Rex“, 120 милиони години старото животно понудило клучни траги за можното масовно изумирање на крајот од периодот Јура, пред 145 милиони години. Ова откритие не е само доказ дека преживеале некои морски рептили, туку дека истребувањето можеби било поголем настан отколку што се мислело досега.
2. За прв пат се откриени гравитационите бранови
Илјада години откако Ајнштајн го предвидел нивното постоење, конечно во почетокот на оваа година беа откриени слаби бранови во космосот. Познати се како гравитациони бранови и тие се создадени од некои од најнасилните настани во универзумот – во овој случај спојување на две црни дупки. Во февруари оваа година, научниците со помош на високо сензитивни детектори во Луизијана и Вашингтон, откриле гравитациони бранови кои поминуваат низ Земјата, а неколку месеци подоцна, биле откриени и други бранови, што потврдувале дека сигналот не е случаен. Астрономите се многу среќни поради ова откритие, со оглед на тоа што гравитационите бранови може да влијаат на начинот на кој се набљудуваат другите невидливи објекти во универзумот, како што е директното мерење на својствата на мистериозните црни дупки.
3. Сонда од НАСА пристигнала на Јупитер
Биле потребни 5 години и 2,7 милијарди километри, но во јули оваа година, вселенскиот брод на НАСА, Јуно, ја завршил својата мисија да влезе во орбитата околу најголемата планета во Сончевиот систем. Јуно тргнал во август 2011 година и претставува прв објект кој тргнал кон Јупитер од завршувањето на мисијата на Галилеј во 2003 година. Леталото на соларна енергија е дизајнирано за проучување на силните магнетни структури во областа на џиновските планети.
4. Живот на друга планета?
Шансите за знаци на живот на некоја друга планета се зголемиле во август, кога астрономите ја пронашле планетата Проксима Б околу најблиската ѕвезда до сонцето – Проксима Кентаури, која е оддалечена 4,24 светлосни години.
5. Древни стапалки во Танзанија
Танзанија била непроценлив извор на информации уште од најраните денови на нашето постоење, откривајќи коски, алатки и други карактеристики на човековите сродници. Во октомври, истражувачите откриле илјадници древни човечки отпечатоци од стапала во населбата Енгаре Серо, кои датираат од пред 5.000 и 19.000 години и покажуваат на раните отпечатоци од трчање и патување во различни групи во близина на вулканот. На друго место наречено Лаетоли, во 1970 година палеантрополозите го пронашле најстариот отпечаток од стапало, кој бил направен од видот познат како „Australopithecus afarensis“, пред 3,6 милиони години. Овие отпечатоци ги понудиле најраните записи за исправеното одење кај луѓето. Овој месец научниците откриле уште отпечатоци од стапала во Лаетолија, давајќи ни до знаење и за карактеристиките на „Australopithecus afarensis“ и контроверзиите околу навиките за парење помеѓу овие рани предци.
6. Опашка на диносаурус во килибар
Едно мало парче килибар кое било пронајдено на пазар во Бурма, за среќа се нашол во рацете на палеонтолозите, кои во декември објавиле дека содржи познат дел од опашка на диносаурус. Стара 99 милиони години, опашката прво била помешана со парчиња растителен материјал, но подеталната анализа покажала дека се работи за коска и меко ткиво покриено со нежни пердуви. Внимателната анализа открила дека опашката некогаш припаѓала на некој млад „Coelurosaur“ од семејството диносауруси кои вклучуваат тираносауруси и модерни птици.