6 начини на кои вашите (не)пријатели може да бидат и вашите најголеми мотиватори
Покрај сите наши напори, скоро секој од нас има барем една личност во животот која ни е пријател, но знаеме дека не е добро да се дружиме со неа и да ги делиме нашите искуства. За која ни треба храброст за да бидеме пријателски настроени и која секогаш ги открива нашите најголеми несигурности и најлоши квалитети. Добрата вест е што иако овие личности се оние кои најмногу нѐ вознемируваат, сепак на долгорочен план тие можат да придонесат за нашата благосостојба. Во продолжение прочитајте како.
1. Ви даваат мерна единица за да ги мерите своите достигнувања
(Не)пријателите секогаш изгледаат како да прават нешто подобро од вас и немаат проблем со тоа да се пофалат. Да имате некоја личност во вашиот живот која секогаш ќе биде чекор понапред од вас ви дозволува да го направите она сосем спротивното и да се вртите еден чекор поназад и да ги разгледате вашите достигнувања. Ако луѓето ве нервираат правејќи работи кои се неверојатни, тогаш треба да се ослободите од фрустрациите и обвинувањата и да направите нешто уште поневеројатно.
2. Ве тераат да сфатите кои се вашите вистински пријатели
Кога сте во друштво со (не)пријателите можеби ви се чини дека ги живеете своите кошмари, но истовремено ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже колку се вредни и прекрасни вашите вистински пријатели. Тие се неверојатни луѓе и секогаш ќе бидат тука за вас, па затоа вреди да се потсетувате на нивната љубов и поддршка.
3. Ќе ве направат подобар пријател
Во продолжение на претходното тврдење, (не)пријателите всушност можат да ве направат подобар пријател. Размислете: Ако можете да се однесувате добро, културно, нормално и цивилизирано со некој кој не ви се допаѓа, тогаш сигурно ќе бидете двојно подобри со луѓето кои навистина ви значат.
4. Ве учат како паралелно да постоите со луѓето со кои не се согласувате
Можеби (не)пријателите прават однатре да се чувствувате љубоморно и цинично, но однадвор вие сте смирен професионалец. Покрај нив учите како да се согласувате со луѓето со кои не се совпаѓате ниту на лично ниту на професионално ниво. Постепено ќе знаете како да ја усовршите оваа вештина и да ја примените во сите средини: На училиште, на факултет, на работа и во социјалните врски.
5. Ве учат дека треба секогаш да го очекувате незнајното и неочекуваното
Дел од работите кои ги учите со луѓето кои се преправаат дека се ваши пријатели или пак навистина се ваши пријатели, а со кои во идеални услови не би сакале да имате пријателски однос бидејќи не ви се допаѓаат како личности, е тоа што ќе научите како да го очекувате и како да се соочите со неочекуваното, дури и ако тоа е најлошото сценарио што може да се случи во една ситуација.
6. Ќе ве натераат да го преиспитате вашето срце
Сите треба да се соочиме со реалноста. Можеби ќе се најдете во ситуација кога премногу ќе се жалите за вашиот (не)пријател и потоа ќе почнете да го преиспитувате својот морал. Она што треба да го сторите е да се стремите да бидете онаа личност која само ќе се насмевне и напорно ќе продолжи да работи на својот личен напредок. (Не)пријателите можеби се оние личности кои не сакаме да ги имаме во животот, но треба да им бидеме благодарни бидејќи поради нив ќе станеме подобри.