6 начини на кои можете да се поврзете со природата додека сте во изолација
Поминувањето време во природа ви помага да се фокусирате, да го одржувате менталното здравје, да ги ослободите умот и телото од хаосот на секојдневниот живот, подобро да ги разберете вашите приоритети во животот и да ги цените моментите поминати со најблиските. Без разлика дали повеќе ги сакате морето, шумите, ноќните прошетки под ѕвездите или ливадите полни со цвеќиња, јасно е дека се чувствувате толку мали во споредба со нешто толку големо, неверојатно и моќно како што е природата.
Бидејќи е многу важно да не го изгубите чувството за поврзаност со природата, во продолжение прочитајте како да ѝ се приближите на природата додека сте во самоизолација.
1. Донесете ја природата во вашиот дом
Ако за уредување на ентериерот користете детали како што се бои, зеленило и некој вид водени површини, докажано е дека тие го намалуваат стресот, ја зајакнуваат креативноста и го подобруваат квалитетот на животот. Соберете цвеќиња и ставете ги во вазна. Ако е можно, ставете мала фонтана чиј звук ќе ве потсетува на река или на водопад.
2. Измамете го вашиот ум
Одделете еден ѕид во вашиот дом и обојте го во зелена боја, нацртајте природа или залепете тапет што ќе ве потсетува на тропски шуми или што ќе ве пресели во еден сосема поинаков свет од оној во кој живеете. Одредени истражувања докажаа дека ваквиот удобен амбиент може да ги намали стресот и физичката болка и да обезбеди многубројни придобивки за телото и за умот.
3. Опкружете се со звуците од природата
Звуците од природата имаат неверојатно влијание врз вашиот мозок. Звукот на бранови и мирно море влиjае исклучително смирувачки, намалувајќи ја на минимум активноста на мозокот или на амигдалата (центарот за страв). Затоа, отворете го прозорецот и слушајте ги птиците или едноставно пуштете го звукот на океанот, на дождовните шуми или на птиците. Звуците на природата ги подобруваат спиењето и фокусот додека работите.
4. Гледајте ги ѕвездите
Истражувањата покажуваат дека гледањето на ноќното небо може да има смирувачки ефект, целосно да ве опушти и да го промени вашето расположение. Кога ги гледате ѕвездите на небото, месечината што сјае како улична светилка ве хипнотизира и преминувате во медитативна состојба. Исто така, гледајќи во небото, се потсетувате на фактот дека сте само индивидуа која е дел од многу поголем универзум.
5. Одгледувајте растенија
Откако ќе додадете боја и текстура во вашето опкружување, добро е да знаете дека луѓето кои работат во своите домови се многу попродуктивни ако се опкружени со растенија. Можете да засадите мала градина во терариум, на балконот или едноставно да се одлучите за растенија во тегли што ќе бидат погодни за вашиот простор.
6. Создадете оаза
Чувајте книга со фотографии од природата при рака за да можете да ја прелистувате секогаш кога ќе ви недостасуваат инспирација и мир. Поставете гранчиња лаванда потопени во есенцијално масло на вашата работна маса, поставете позадина со вашите омилени моменти од природата и создадете атмосфера во која ќе се чувствувате како да сте надвор.
Погледнете како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација.