6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Резултатите од едно истражувањето спроведено во Велика Британија ни покажуваат дека брачните и љубовните партнери кои живеат заедно, често знаат да се расправаат за нередот во домот. Собирањето непотребни предмети во домот, знае да биде искра што може да прерасне во бурна расправија. Анкетата спроведена на 2 илјади испитаници, покажува дека партнерите, најмалку 30 пати во годината се расправаат за нередот во домот. Очекувано, состојбата во која се наоѓа животниот простор, повеќе ги загрижува жените, кои без двоумење би исфрлиле многу предмети кои им припаѓаат на мажите. Во продолжение погледнете ја листата на работите кои жените не можат да ги гледаат во своја близина.

1. Стари кабли

(1) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Куп заплеткани жици, расипани УСБ кабли и компјутерски „глувчиња“, полнач за одамна изгубениот фотоапарат… Не постои жена која нема нервозно да погледне во неговата залиха од прастари кабли коишто веќе со години не се користат.

2. Блузи со дупки

(2) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Тој тврди дека ги чува за работа низ домот, а потоа ќе ги „прокриумчари“ на семеен ручек, а работата по дома и онака секогаш ја остава за некој друг викенд. Но, жената мисли дека таквите стари парчиња облека не треба да зафаќаат место во шкафот и обично преку ноќ тие исчезнуваат.

3. Видео касети

(3) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Кутија полна со видео касети, обично поставена покрај запрашен расипан видеорекордер. Оваа слика може да се види во многу домови, а мажите се особено чувствителни кога станува збор за тие предмети, затоа што ги врзуваат за многу убави моменти од минатото – снимани прослави или преснимувани филмови, фудбалски натпревари, концерти… Објаснете му на партнерот дека сето тоа зафаќа многу простор, а не служи за ништо. Преснимете ги материјалите, а останатото право в ѓубре. Сепак, седум пати преснимената епизода од омилената серија од почетокот на 90-тите години на минатиот век не е којзнае колку важна содржина.

4. Стари компјутери и расипани мобилни телефони

(4) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Дали вашиот партнер е еден од оние кои сè уште го чуваат својот првиот мобилен телефон без оглед на тоа што е расипан уште во 2000-тата година? Тоа се предмети од кои на жените им се крева косата на главата. Компјутерите со непоправливи хард дискови и мобилните, за кои повеќе ниту можете да најдете соодветна батерија треба да одат на рециклажа.

5. Стари весници и списанија

Купот од прастари списанија, што со години собира прашина под креветот, под масата или на дното од шкафот е непријател на чистиот и уреден дом. Мажите сакаат да собираат весници, а жените не поднесуваат кога тоа им го оптоварува нивниот дом.

6. Некористена опрема за вежбање

(6) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

Купил тегови пред неколку години одлучен да се претвори во домашен Арнолд Шварценегер, но по неколку дена заборавил на нив? Кога жените ќе почнат да се нервираат поради присуството на теговите, справите за истегнување, домашните велосипеди… Тие не се двоумат да ги стават на продажба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар