6 кратки видеа кои веднаш ќе ви помогнат да се ослободите од стресот
Во денешно време животот е многу брз и напорен, така што не е воопшто чудно тоа што повеќето луѓе се под голем стрес. За среќа, постои начин да се ослободите од стресот и тоа благодарение на Мајката природа. Имено, најновите истражувања, спроведени на Универзитетот Беркли во Калифорнија и поддржани од страна на Би-Би-Си, откриле дека гледањето видеа од природата може да ги намали стресот и лутината и да ги зголеми чувствата на радост и среќа кај гледачите.
Истражувачите испитале повеќе од 7.500 луѓе од САД, Велика Британија, Сингапур, Индија, Јужна Африка и Австралија. Тие го набљудувале нивното однесување пред и по гледањето делови од документарецот „Планетата Земја 2“(Planet Earth II), една популарна ТВ драма и вести. На учесниците им покажале вкупно 5 видеа, две од природа, едно од вести и едно од драмата. Секое видео траело од 1 до 3 минути.
Генерално, кај луѓето било забележано зголемување на позитивните емоции и намалување на негативните емоции по видеата од „Планетата Земја 2“. Истиот ефект не бил постигнат по гледањето вести и драма. Кај најмладите учесници на возраст од 16 до 24 години бил забележан најголем раст на среќните емоции, како што се восхитот и радоста.
Важно е да се спомене дека „Планетата Земја 2“ е производ на Би-Би-Си, а тие биле и партнери во истражувањето, така што резултатите можно е да се малку пристрасни. Но, сепак, истражувањето ја докажува силната врска меѓу природата и емоционалната благосостојба. Некои претходни истражувања откриле дека поминувањето време во природа може да ги намали симптомите на депресија, а гледањето во зеленило или во живо или на слики може да ја подобри меморијата.
Иако ова истражување било фокусирано на гледањето видеа од „Планетата Земја 2“, сосема возможно е да се постигне истиот ефект и со други видеа од природата. Вреди да се обидеме, се согласувате?
Погледнете ги овие неколку видеа од природата ширум светот и почувствувајте како стресот полека ви се намалува…
1. Националниот парк Јосемити полн со дрвја и зеленила
2. Величествените планини во Норвешка
3. Неверојатна тура околу Големиот Кањон
4. Богатиот пејзаж на Хавајските брегови
5. Свежиот воздух на Канадското езеро
6. Тропските води на тајландската плажа
Доколку овие видеа не ви помогнаа да се опуштите, прочитајте ги следните 4 чекори за ослободување од стрес.