6 инспиративни Инстаграм профили за сите оние кои наскоро планираат венчавка
Планирањето и организирањето венчавка е едно прекрасно искуство, но понекогаш, со желба сѐ да биде совршено, може да се случи да паднете во зоната на стресот, односно да ве преплави чувството на незадоволство. Токму поради тоа е добро да имате помош, а освен што можете да ги прашате вашите роднини, како експерт, поточно планер за венчавки кој ќе се погрижи на вашиот голем ден сѐ да помине во најдобар ред, можете да побарате и виртуелна инспирација – на Инстаграм профилите. Иако овој вид помош не е типичен за овие прилики, бидете сигурни дека следните профили може да направат чуда за вашето организирање на венчавката.
1. Wedded Wonderland
Овој профил претставува вистинска база богата со различни содржини и свежи идеи: Од изглед како модна писта, до предлози за декорација и венчаници од невести кои само што кажале „да“.
2. Carats and Cake
Како мрежа наменета за препорака на креативни тимови, фирми и поединци кои се занимаваат со организирање на венчавки и останатите делови (декорација, кетеринг, фотограф), Carats and Cake нуди најдобри идеи и најсвежи проверени соработници.
3. Style Me Pretty
Ако ги обожавате деталите, како и поголемиот дел од невестите, тогаш мора да го следите овој профил кој секојдневно ќе ви овозможува прекрасна инспирација која се однесува на сите мали и големи работи кои прават една венчавка да биде посебна.
4. Wedding Dream
Кога ќе започнете да го следите овој профил ќе имате чувство дека го имате целиот свет на дофат, бидејќи ќе ги видите најубавите моменти од венчавките кои доаѓаат од целиот свет.
5. BHLDN
Љубителите на антропологијата ќе бидат опседнати со овој бренд, кој е инспириран од винтиџ естетика намена за невестите.
6. The Mrs. Box
Додека технички овој профил продава само една работа – шик кутии за прстени, тој претставува и одлична инспирација која се однесува на сѐ – од цветови до тоа како треба да позирате на венчавката.