Неверојатната приказна за 6-годишното девојче со аутизам кое создава прекрасни уметнички дела
Ова е приказна за малечката Ирис Грејс и нејзината најдобра пријателка, мачката Тула. Ирис е 6-годишно девојче со аутизам, кое својот глас го пронашло преку сликањето и нејзиниот верен придружник. Приказната за неа се раширила низ целиот свет, најмногу бидејќи таа испраќа силна порака, а тоа е дека различностите се брилијантни. Нејзините уметнички дела ги купуваат колекционери од целиот свет, вклучувајќи ја и Анџелина Џоли. Ирис, заедно со своето семејство, за прв пат отпатувала и надвор од својата земја, во Стокхолм, што претставува значително остварување за девојчето кое било изолирано во својот дом, неспособно да зборува и да се наоѓа во присуство на други луѓе.
Сега таа зборува, чита и ужива во домашното образование. Нејзината мајка ја раскажува нивната приказна во својата прва книга „Ирис Грејс“. Тројца уметници, фотограф, сликар и илустратор, работеле заедно на изработката на книгата, и преку зборови и слики ќе ве однесат во светот на Ирис, како и на Тула, нејзиниот верен асистент. 42 прекрасни слики, 15 илустрации и многу фотографии кои создаваат вистинско богатство од спомени. Мајката на Ирис сакала да ја подигне свеста за аутизмот и да им покаже на луѓето дека има светла иднина и за овие деца. Можеби техниките кои биле применети врз Ирис нема да функционираат кај сите деца, но едно е важно – дека треба внимателно да се следат желбите и насоките за и овие посебни дечиња да можат да живеат исполнет живот.