6-годишниот Алекс напишал писмо до Обама во кое го кани Омран, момчето од Сирија, во своето семејство
Застрашувачката фотографија од Омран Дакнеш, 5-годишното сириско момче чиј дом беше погоден од воздушен напад, служи како потсетник за хорорите што владеат во тамошната цивилна војна. Видеото во кое Омран се држи за личноста која го извлекла од урнатините брзо се прошири низ социјалните мрежи, како и застрашувачката фотографија во која тој седи на крајот од амбулантно возило, збунет, прекриен со прашина и крв. Меѓу луѓето кои ги видоа фотографиите од Омран е и Алекс, 6-годишно момче од Скарсдејл, Њујорк. Алекс толку многу бил погоден од тоа што го видел, што решил да му напише писмо на претседателот Обама со цел да го покани Омран да живее со неговото семејство.
„Ве замолувам да го земете и да го донесете во мојот дом“, пишува Алекс во своето писмо. „Ние ќе му станеме семејство и тој ќе биде наш брат.“
Оваа недела, Обама го читал писмото на Алекс како дел од говорот што го одржал на самитот за бегалците во Њујорк, одржан од Обединетите нации. Обама го фалел Алекс, кажувајќи му на светот дека тој е одличен пример за човечноста за која децата се способни. Според него, Алекс е момче кое сè уште не научило да биде цинично, да се сомнева или да се плаши од другите луѓе поради нивното родно место, начинот на кој изгледаат или како се молат.
Белата куќа потоа објавила видео од Алекс кој го чита своето писмо и добиле неверојатен одговор. Ова видео веќе достигна над 15 милиони прегледи и поттикна многу емоционални коментари.
Во својата 5-та година, војната во Сирија уништи метропола како Алепо – родниот град на Омран, центарот на кризата со бегалците, како и големи број историски места што се наоѓале таму. Војната создаде неверојатна хуманитарна криза. 4,8 милиони Сиријци се бегалци. Други 6,5 милиони се разместени некаде во границите на државата, а 13,5 милиони се во очајна потреба од хуманитарна помош.
Погледнете го и оригиналното писмо и почувствувајте ја љубовта и грижата во ова мало детенце.