6 филмски цитати кои ќе ве замислат за животот
Кога станува збор за промена на перспективата на животот, филмовите знаат да имаат голема улога во тоа. Понекогаш сѐ што ни е потребно е еден мал совет или само неколку зборови кои ќе ни помогнат да погледнеме една сосема нова страна на животот. И покрај тоа што овие зборови најчесто доаѓаат од пријателите или фамилијата, понекогаш знаат да дојдат и од сосема неочекувани места. Погледнете ги наредниве неколку филмски цитати кои ќе ве замислат за животот и ќе ве натераат да го погледнете од малку поинаква перспектива…
1. Господарот на прстените: Двете кули (The Lord of the Rings: Two Towers)
Фродо: „Што е она што нѐ држи Сем?“
Сем: „Тоа дека постои добро на овој свет, господине Фродо. И дека вреди да се бориш за тоа.“
2. Девојка од милион долари (Million Dollar Baby)
Еди Дупри: „Постои магија во водењето битки која ја надминува издржливоста.“
3. Трансформери (Transformers)
Сем Витвики: „50 години од сега, кога ќе погледнеш наназад кон твојот живот, зарем не би сакал да кажеш дека имаше храброст да влезеш во автомобилот?“
4. Гладијатор (Gladiator)
Максимус Децимус Меридиус: „Она што го правиме во животот, прави ехо во вечноста.“
5. Казабланка (Casablanca)
Рик: „Од сите барови, во сите градови, во целиот свет, таа влезе во мојот.“
6. Спајдермен (Spiderman)
Бен Паркер: „Со голема моќ, доаѓа и голема одговорност.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Turbo (2013)
Taglines: “No dream is too big, and no dreamer is too small.”