6 електрични спортски автомобили на иднината
Електричните автомобили не се познати по моќните перформанси, што всушност е цената која треба конструкторот да ја плати за да може да ја заштити животната средина. Сепак, науката оди напред, па веќе се произведуваат сè посилни спортски електрични автомобили кои секој би ги посакал во својата гаража.
Mercedes Benz SLS AMG Electric Drive
Максимална брзина од 250 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 3,9 секунди, и тоа без да се загадува околината благодарение на употребената технологија од Формула 1 се доволни овој Мерцедес да биде најмоќниот електричен автомобил во светот.
Venturi Fetish
Вентури е производител од Монако кој тврди дека прв почнал да конструира електрични суперавтомобили уште во 2005 година. Произведуваат само по нарачка за цена од нешто над 300 илјади евра. Нивниот најпознат модел е Фетиш, двосед кој достигнува 100 км/ч за помалку од четири секунди.
Tesla Roadster
И Тесла Роудстерот достигнува 100 км/ч пред да поминат четири секунди, но за цена од околу 90.000 евра.
Tesla Model S
Овој модел на Тесла не изгледа толку спортски како претходниот. Има пет седишта, но располага со моќен електромотор кој качува до 100 км/ч за само 4,4 секунди, а максималната брзина му е лимтирана на 200 км/ч. Внатрешноста е опремена со футуристички 17-инчен екран кој на возачот му дава разни податоци поврзани со возењето.
Lightning GT
Овој модел е конструиран во Англија. Во неговиот заден дел е сместена литиум-титаниумска батерија која се полни за импресивни десет минути, а штом стартува ќе стигне до 100 км/ч за пет секунди.
Audi R8 e-tron
Во E-tron линијата на Ауди припаѓаат повеќе модели, но најимпресивен од нив е токму овој, од кој некои примероци доаѓаат со два, а други со четири електромотори. Вторите постигнуваат 100 км/ч за 4,8 секунди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.