6 едноставни начини на кои можете да ги прочитате туѓите мисли

6 едноставни начини на кои можете да ги прочитате туѓите мисли

На прашањето: „Кога би можел да избираш, која супермоќ би ја избрал?“, повеќето луѓе одговараат со: „Да ги читам мислите на другите.“ Сите сакаме да знаеме што всушност мислат луѓето кога ќе кажат нешто, како и да го разбереме нивниот начин на размислување. Но, тоа што многумина не го знаат е дека постојат 6 начини на кои лесно ќе можете да прочитате нечии мисли…

6 едноставни начини на кои ќе можете да ги прочитате туѓите мисли

1. Говор на телото

Говорот на телото е јасен показател со кој лесно може да се открие нечие размислување. Доколку челото им е набрчкано, веројатно се под стрес. Исто така, многу важен е начинот на кој седат или стојат. Кога приматите во дивината ја покажуваат нивната сила, тие ги шират нивните раце, се протегаат и се удираат во градите. Всушност, на тој начин тие го намалуваат стресот. На сличен начин луѓето почнуваат да се муртат кога се нервозни и тогаш им се зголемува нивото на кортизол. Кога нивото на овој хормон ќе се зголеми, може да дојде до несоница, дебелеење и други проблеми. Накратко, можете многу да дознаете за менталната состојба на некое лице само од тоа што ќе го набљудувате неговиот говор на тело, став и ниво на енергија.

2. Обрнете внимание на нивното дишење

Доколку некој дише длабоко, тоа значи дека е опуштен. Доколку некој дише забрзано со помало земање на воздух, тоа значи дека е напнат. Кога личноста е нервозна, дишењето е испрекинато и тоа значи дека таа не сака да дознае нешто. Можно е нервозните поединци да се едноставно срамежливи, а можеби и кријат нешто од вас. Ако некој дише опуштено, тоа значи дека е смирен и веројатно ја говори вистината.

3. Гледајте ги во очи

„Очите се огледало на душата“, вели познатата изрека. Се верува дека зеницата претставува врата на умот. Истражувањата покажале дека луѓето кои многу размислуваат имаат раширени зеници. Но, кога мозокот ќе се преоптовари, зениците се стеснуваат. Исто така, кога за прв пат ќе се запознаете со некого, зениците се прошируваат. Доколку се прошират и веднаш потоа стеснат, тоа значи дека личноста не е заинтересирана за вас. Доколку останат раширени, тоа значи дека таа сака да биде во ваше друштво.

6 едноставни начини на кои ќе можете да ги прочитате туѓите мисли

4. Обрнете внимание на тонот на гласот

Не зборовите, туку тонот на гласот можете да открие многу работи. Брзината на говорење е исто така многу важна. Бавниот говор е показател на смиреност, додека, пак, брзото зборување укажува на нервоза. Зборовите не се толку важни колку што е важна енергијата која стои зад нив. Понекогаш треба да обрнеме внимание и на тоа кои зборови се нагласуваат.

5. Поминувајте време со луѓето

Доколку сакате да дознаете како некој размислува, клучно е да поминете одредено време со него. Само од едно попладне може да научите многу работи, а за неколку месеци и години веќе ќе можете да си ги читате мислите еден на друг. Кога поминувате време со некого, постепено учите како тоа лице реагира во одредени ситуации. Времето е алатка која ја отвора вратата на туѓиот ум.

6. Внимавајте да не им го полните умот со вашата енергија

Сè зависи од вас. Доколку се однесувате нервозно, поединецот тоа ќе го забележи и таа тензија ќе ја рефлектира на вас. Со посмирен пристап можете да ја впиете енергијата на другата личност и да ја препознаете без многу погодување. Самосвесноста е клучна кога се обидувате да станете свесни за луѓето околу вас. Колку сте поотворени спрема другите, толку полесно ќе ги прочитате нивните мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар