6 добри работи кои доаѓаат со пролетта

6 добри работи кои доаѓаат со пролетта

Зимата конечно капитулираше и топлото време веќе полека почнува да се чувствува во воздухот. Постојат толку многу убави работи на кои луѓето се радуваат кога пролетта ќе пристигне, како што се долгите денови, будењето на природата, свежиот воздух со мешаниот мирис на различни цвеќиња… Но, има и неколку ситници кои пролетта ги носи со себе и ги чинат оние мали задоволства во животот за кои едноставно нема потреба да се разговара.

6 добри работи кои доаѓаат со пролетта

1. Сандали

Нема ништо поудобно од сандали. Сега, конечно можеме да кажеме дека дојде време да ги тргнеме чизмите и да ги подготвиме сите сандали, балетанки и летни чевли кои ги поседуваме. На потег е временската прогноза.

2. Кратки пантолони

Бермуди, шорцеви и сѐ останато освен дебелите пантолони во кои го поминавме поголемиот дел од зимата. Време е да го преуредиме плакарот и да ги наредиме сите парчиња облека изработени од полесни материјали во најразлични бои.

3. Цвеќиња

Ова е можеби најдобриот дел од пролетта, освен ако не сте алергични на полен. Дојде периодот кога цутат дрвјата и цвеќињата и во кој уште веднаш треба да купиме или да направиме еден букет цвеќе и со него да го украсиме домот. Всушност, тоа треба да го правиме секоја недела и да уживаме во опојните цветни мириси додека можеме.

4. Зимски попусти

Знаеме дека зимата е зад нас и дека ни е доста од дебелите виндјакни, капути и високи чизми, но ова е идеалното време за да се купи некое зимско парче кое ви е потребно и кое ќе најде голема примена за наредната зима.

5. Аспарагус

Појдете до најблискиот пазар или продавница за овошје и зеленчук и купете ја оваа исклучително здрава намирница. Освен што е вкусна, таа го намалува холестеролот и високиот притисок, ја спречува појавата на кардиоваскуларните болести, помага при уморот, астмата и алергиите и има уште ред други здравствени придобивки.

6. Возење со велосипед

Исчистете го велосипедот, проверете дали е во ред и подгответе го за возење. Уживајте во природата и пејзажите кои ве опкружуваат со една од најдобрите рекреации кои можете да ги искусите во пролетта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар