6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот

6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот

Дали верувате во безусловна љубов? Дали верувате дека можете да чувствувате љубов без притоа да барате таа да биде возвратена, ценета или посакувана? Според следниве цитати, таа не само што постои, туку се наоѓа и во сите нас. Доколку знаете каде да ја барате… Погледнете ги следниве моќни мисли за безусловната љубов кои без сомнение можат да ви го променат вашето гледиште кон животот.

6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот

„Безусловната љубов навистина постои во сите нас. Таа е дел од нашето длабоко внатрешно постоење. Тоа не е толку активна емоција колку што е состојба на постоење. Не е ‘Те сакам’ поради оваа или онаа причина, ниту пак ‘Ќе те сакам ако и ти ме сакаш мене’. Таа е љубов без причина, љубов без предмет.“ – Рам Дас

„Врвната лекција која сите ние треба да ја научиме е безусловната љубов, која не ги вклучува само другите, туку и нас самите.“ – Елизабет Каблер-Рос

„Надежта без основа, исто како и безусловната љубов, е единствената која вреди да се има.“ – Џон Пери Барлоу

„Не постои поголема моќ во Рајот или на Земјата од чистата и безусловна љубов. Природата на Божјата сила, невидената интелигенција во сите нешта, која го создава материјалниот свет и е центарот на спиритуалното и физичкото постоење, најдобро се опишува како чиста и безусловна љубов.“ – Вејн Дајер

„Да ги љубите сите безусловно не значи и безусловно да го им го дадете вашето време. Понекогаш, за целосно да љубиме, ние никогаш повеќе не треба да видиме некого. Ова исто така е љубов. Ова е давање некому слобода да постои и да биде среќен, дури и ако тоа значи да е без вас.“ – Вироника Тугалева

„Одбивам да го прифатам верувањето дека човештвото е трагично поврзано со темните ноќи исполнети со расизам и војни и дека светлите утра на мир и братство никогаш нема да можат да станат реалност. Верувам дека невооружената вистина и безусловната љубов ќе го имаат последниот збор.“ – Мартин Лутер Кинг, Јуниор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар