6 будалаштини во кои серијата „Сексот и градот“ нè натера да веруваме

6 будалаштини во кои серијата „Сексот и градот“ нè натера да веруваме

Култната серија која ја гледаа и жени и мажи на сите возрасти, помести многу граници во однесувањето на жените, но и во машко-женскиот однос. Сепак, некои работи во серијата се претерани. Еве дел од нив, кои не треба да ги доживуваме здраво за готово.

6 будалаштини во кои серијата „Сексот и градот“ нè натера да веруваме

Секогаш се тука 4-те другарки

Серијата умешно ни наметна да веруваме дека е возможно да функционира пријателство помеѓу 4 девојки и дека тие секогаш ќе бидат на располагање една за друга, кога и да им е потребен муабет. Во реалноста, најчесто пријателствата се сведуваат на делење на две по две, третата може да е тука за повремени средби и разговори на одредени теми, додека четвртата се „уфрла“ само во специјални прилики.

Мора да имаш геј пријател

Шарлот и Кери ја имаа таа среќа да ги имаат нивните најдобри геј пријатели секогаш на располагање за љубовни и модни совети, за да им го подигнуваат расположението, па дури и да им помогнат во декорирањето на нивните домови. Тие буквално им беа како моден аксесоар со кого се покажуваа на улиците на Њујорк. Сосема е во ред да се има геј пријател, но тоа секако не треба да прерасне во помодарство, а ниту пак секој во животот има прилика да си најде ваква сродна душа.

Излегување во женско друштво

Пред „Сексот и градот“, излегувањето само со пријателките се доживуваше како здодевно и по малку очајно, но овие четири девојки покажаа дека тоа всушност може да биде и многу забавно. Сепак, факт е дека е многу позабавно во машко друштво. Затоа нема потреба да наоѓаме утеха во нивниот животен стил, туку да практикуваме да ги мешаме хормоните кога излегуваме во град.

Жените се поопуштени од мажите

Ликот на Саманта е неповторлив кога станува збор за слободоумните ставови за сексот и слободниот стил на разговарање со другарките за секакви детали кои го зачинуваа нејзиниот сексуален живот. Во реалноста, нема ништо секси кај „дама“ од чија уста излегуваат толку безобразни зборови кои во серијата секогаш им годеа на мажите, а кај жените често создаваа непријатно чувство од претерано споделување.

Спиење со градник

Не постои девојка и жена која не го соблекува градникот веднаш штом се врати од факултет, работа или од град. Дури постојат жени кои се ослободуваат од непријатното чувство што тој го создава уште додека се качуваат по скалите во својата зграда. Сепак, Кери и нејзините пријателки можевме повремено да ги видиме со градник во кревет. Но, спиењето со градник во реалноста е невозможна мисија.

Претставување на себеси како некој што не може да пронајде љубов

Константното претставување на себеси како некој кој нема среќа во љубовта и кој никако не може да го пронајде човекот на својот живот не е баш добро. Во серијата тоа е прикажано на шеговит начин, меѓутоа претераното зборување отворено за најдлабоките емоции и проблеми во љубовта, во реалноста може да ви се одбие од глава. Тоа може да ги избрка потенцијалните додворувачи подалеку од вас и постојано да ве прави да се чувствувате полошо за самите себе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Nina Reply

    Јас спијам со градник. Така да баш и не е невозможна мисија 🙂

  2. FARMACEFTKA Reply

    SAMO KOGA SE BANJAM GO VADAM GRADNIKOT. BEZ GRADNIK NEMOZAM

Остави коментар