50 вистини што ќе ви го променат животот и на коишто треба да се потсетувате секој ден
Не постои совршена формула за среќен живот, но постојат некои вистини што треба да ги прифатите за да продолжите понатаму и да бидете среќни.
1. Го губите само она за коешто цврсто се придржувате.
2. Не можете да го изгубите она што не е ваше.
3. Имате сè што ви треба за да бидете среќни.
4. Не ви треба многу за среќен живот.
5. Ако со себе носите тули од минатото, ќе ја изградите истата куќа.
6. Вие сте ги создале и сте ги привлекле нештата што се во вашиот живот. За да го промените вашиот живот, изберете да се смените.
7. Нема секогаш да бидете тоа што сте сега.
8. Да не го добиете тоа што го сакате понекогаш е најдоброто нешто што може да ви се случи.
9. Пред вас има многу подобри работи од оние што ги оставате зад себе.
10. Престанете да заминувате и ќе пристигнете. Престанете да откривате и ќе видите. Престанете да бегате и ќе бидете пронајдени.
11. Секогаш е најтемно пред зората.
12. Работите се менуваат кога најмалку очекувате дека ќе се случи тоа.
13. Вие сте слободни онолку колку што ќе одлучите да бидете.
14. Единствените важни работи во животот се малите работи – уживајте во нив.
15. Никогаш нема да стигнете до среќата, туку ќе научите да ја живеете.
16. Бидете внимателни кога го отворате своето срце, секој ги заслужува вашата љубов и почит, но не секој заслужува место во него.
17. Единствениот начин да најдете мир е да го создадете во себе, без оглед на хаосот околу вас.
18. Промената е единствената константа во животот, па навикнете се на тоа уште сега.
19. Самите градиме свои кафези.
20. Да се сакате себеси значи да се однесувате кон себе и да мислите на себе како што сакате да го прави тоа љубовта на вашиот живот.
21. Трчајте по вашите соништа, а не по луѓе.
22. Обично не станува збор за разбирање на срцето, туку за потценување на умот.
23. Научете да ги користите срцето и умот заедно, но секогаш во овој редослед.
24. Не можете да продолжите да ги правите истите работи и да очекувате да ви се промени животот.
25. Единствено што треба да направите за да го отстраните мракот е да вклучите светло.
26. Вистинскиот начин на кој може да ги научите луѓето нешто е да им помогнете сами да откријат.
27. На големите работи обично им претходи хаос.
28. Луѓето што ве сакаат ја личноста којашто сте сега. Не правете компромис со себе.
29. „Во ред“ е местото каде што сите ќе завршиме на крајот.
30. Хранете се себеси на секој начин што треба да се храни човечкото тело.
31. Нема ништо лошо во тоа да му се препуштите на задоволството.
32. Вие заслужувате прекрасни работи.
33. Личноста со која треба да се бидете секогаш ќе го најде патот што води назад кон вас. Секогаш.
34. Пронајдете причина за славење секој ден и никогаш нема да живеете здодевен живот.
35. Апсолутно е точно дека луѓето ќе заборават што сте кажале и што сте направиле, но никогаш нема да заборават какви чувства сте им предизвикале.
36. Ниту еден живот не е помалку важен или убав од кој било друг, дури ни вашиот.
37. Совршенството не е непријател на доброто.
38. Ако го читате ова на компјутер, на Интернет, имате повеќе отколку што имаат повеќето луѓе во светот. А сепак, и покрај ова, секогаш имате причини да се жалите. Која е лекцијата? Ако имате повеќе не значи дека ќе бидете посреќни.
39. Едноставниот живот е најсреќниот живот.
40. Луѓето ќе доаѓаат и ќе си одат како што треба. Дозволете им да си одат. Ако се трудите да ги задржите, тоа нема да влијае на нив, туку само на вас.
41. Никој нема да ви даде дозвола да започнете да го живеете животот.
42. Знаци и пораки има насекаде, вие треба само да почнете да обрнувате внимание и да престанете да бидете скептични.
43. Надежта никогаш не е изгубена, туку само се игнорира.
44. Правете сè со бавно темпо и со многу љубов.
45. Дозволете си да бидете свои.
46. Негативните чувства не се секогаш лоши, туку ние им даваме негативна конотација.
47. Животот е наменет за да се преживее. Ако во тој процес најдете време да живеете, тогаш може да се каже дека сте победник.
48. Само затоа што чувствувате нешто, дури и ако никој друг не го чувствува истото, не значи дека е нелегитимно.
49. Само затоа што некој е не љубезен кон вас, не значи дека и вие не треба да бидете љубезни кон него. Нивните престапи се нивни проблеми со кои тие треба да се справат. Не дозволувајте да станат ваши.
50. Ако дозволите негативните мислења на другите луѓе да влијаат врз вас, ќе се изгорите живи, иако вие не сте го предизвикале пожарот.
Прочитајте ги и овие 10 позитивни афирмации што ќе ви го променат животот.