50 одговори на едно тешко прашање…
Во ирскиот град Голвеј е снимен инспиративниот документарец „Педесет луѓе, едно прашање – Ирска“ на младата режисерка Камил Кролака од Полска. Педесет странци од различни култури, религии, раси и делови од светот одговараат на едно исто прашање.
Никој со никого нема ништо заедничко, сѐ додека едно ноемвриско попладне група млади луѓе, не ги повика да одговараат на едно многу тешко, лично прашање „За што најмногу жалите во животот?“. Погледнете ги овие искрени и емотивни одговори од овој инспиративен документарец, кој Камил и го посветила на својата мајка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.