50 нешта кои можат да расплачат возрасна жена за време на нејзиниот ПМС
Спротивно од општото верување, жените воопшто не се диви и емоционални чудовишта на кои не може да им се верува ¼ од месецот. За време на предменструалниот синдром, дури и најобичните нешта можат да повикаат солзи и во очите на најсилните жени притоа оставајќи ги со прашањето „Зошто?“ Погледнете ги наредниве 50 нешта кои можат да ја расплачат секоја жена за време на нејзиниот ПМС…
1. Порака од вашата мајка.
2. Мејл за помош за одредена добротворна организација за која никогаш претходно не сте се грижеле.
3. Слатко бебе.
4. Грдо бебе.
5. Бебиња во која било смисла.
6. Мали животинчиња.
7. Знаењето дека нема да спиете доволно наредната вечер бидејќи сте под премногу голем стрес за да заспиете. Кој има време за спиење?
8. Откажување од сè, лутење на себе затоа што сте се откажале и потоа донесување одлука да отспиете пред да одлучите. Кој има време за нервирање?
9. Преголемата употреба на изразот „Кој има време за…“ и нервирање затоа што сте се претвориле во сите ваши тетки.
10. Добивање убава порака од вашата тетка.
11. Празен фрижидер.
12. Празна тегла од џем или мармалад.
13. Празна тегла од Нутела.
14. Празни тегли општо!
15. Инспиративна насловна страница од списание.
16. Наслов „Начини на кои можете да го задоволите вашиот маж“ кој ве тера да ги запалите сите изданија од тоа списание во продавницата.
17. Сите лоши филмови кои имаат провидна и клише приказна за љубовта.
18. Игралишта исполнети со деца, од кои половина ќе пораснат и исто како и вас ќе треба да се соочуваат со ПМС-от.
19. Караници во реално ТВ шоу кои во нормални денови би ги прескокнале.
20. Балади какви што пее Адел кои во нормални денови не би ги слушале.
21. Списанија во ординација на доктори кои вклучуваат бремени жени.
22. Групни пораки.
23. Продавница за благи.
24. Одделот од маркетот каде што има замрзната храна.
25. Гласот на вашиот најдобар пријател кој живее далеку од вас.
26. Гласот на онаа личност која ја мразите, но секојдневно ја гледате.
27. Теретана.
28. Идејата за теретана.
29. Мислата за селење од дома.
30. Бездомниците покрај патот.
31. Болката во долниот дел од грбот.
32. Вашите отечени и чувствителни гради. Делумно затоа што ве болат, делумно затоа што посакувате секогаш да изгледаат така.
33. Вашиот стомак кој прави сè што е во негова моќ за да ја отстрани обвивката на вашата матка.
34. Доколку не можете да најдете тампони и покрај тоа што знаете дека во наредниве неколку секунди ќе ви бидат потребни.
35. Цената на тампоните.
36. Купувањето во маркет. Самата идеја за излегување од дома.
37. Омилените ликови од вашата омилена ТВ серија.
38. Фактот дека вашите стандарди за соодветно однесување во јавност целосно се намалиле.
39. Идејата дека би можеле да бидете на некое потопло место во овој момент која ќе ве наведе да гледате слики од тропски локации.
40. Нечистите чинии и сознанието дека немате чисти виљушки и ножеви за следниот оброк.
41. Цимерките.
42. Омилениот џемпер кој најмногу ви одговара за настанот кој следува, но кој никаде не можете да го најдете.
43. Фактот што сепак ќе се осмелите да облечете хеланки за јога.
44. Јога.
45. Групни конверзации на социјалните мрежи.
46. Три пати згрешен пин на кредитната картичка.
47. Јавен транспорт.
48. Мажи.
49. Погледот кон вашиот кревет.
50. Конечното пристигнување на вашиот циклус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.