50 мудри изреки од земјите на ориентот – Арабија
Арабија има вековна традиција која произлегува од арапската цивилизација. Дел од секоја култура се и мудрите народни изреки. Еве 50 изреки на мудроста кои произлегуваат од цивилизацијата на ориентот.
1. Ако сакате некоја земја да пропадне, помолете се во неа да има многу водачи.
2. Ако сееш кактус, не очекувај грозје.
3. Без причина човек може да се насмее, ама не и да заплака.
4. Подобро е да имате илјада непријатели надвор од домот, отколку еден во домот.
5. Подобро е на пријателот да му простите, отколку да го изгубите.
6. Биди мудар на зборови, а уште помудар на дела.
7. Вредноста на човекот се наоѓа во неговото срце и во неговиот јазик.
8. Времето е господар на оние кои немаат други господари.
9. Да сакаме некого совршено, треба да го сакаме како утре да ќе умре.
10. За разлика од луѓето , кучињата, кога ќе се најадат, подготвени се да си го препуштат еден на друг она што останало.
11. Има нешта за кои е потребен сведок, ама има и такви кои сами за себе се сведоци.
12. Казната не поправа ниту една неправда, ама може да спречи стотици други.
13. Кој не си го знае местото ќе остане без него.
14. Најди оправдување, па од џамија укради килим.
15. Никогаш не ја потценувај моќта на човековата глупост.
16. Две работи ја откриваат својата вредност тек откако ќе ги изгубиме: младоста и здравјето.
17. Делата сведочат за паметот на човекот, а зборовите за неговото знаење.
18. Децата се крилјата на човекот.
19. И една ноќ анархија е полоша од многу години тиранија.
20. Има две врсти луѓе: оние кои можат да бидат среќни ама не се и оние кои ја бараат среќата ама не ја наоѓаат.
21. Еден пријател – не е малку, ако се илјада – не се многу.
22. Едно корисно искуство вреди повеќе од сите правила на мудроста.
23. Јазикот е како лав: ако го држиш – те штити, ако го пуштиш – ќе те растргне.
24. Кога се караш со некого, остави простор за смирување.
25. Кога двајца се расправаат околу верата, тогаш барем едниот е будала.
26. Кога го немаш она што го сакаш, сакај го она што го имаш.
27. Кому му се доказите кратки, јазикот му е долг.
28. Лагата понекогаш му е одвратна и на самиот лажго.
29. Мала е користа од очите ако умот е слеп.
30. Мудроста е стебло кое расте во срцето, а на јазикот му ги носи плодовите.
31. Ако се надеваш на простување од оној кој е над тебе, тогаш биди подготвен да им простиш и на оние кои се под тебе.
32. Најдрагоцени се оние пријатели кои не ги познаваме.
33. За ниту една работа немој премногу да се радуваш, но ниту да се растажуваш, затоа што работите не се вечни.
34. Знаење од кое нема корист е исто како лек кој не го лечи болниот.
35. Оној кој посакува добро личи на оној кој прави добро.
36. Побрзај да направиш добро кога можеш, затоа што секогаш не ќе можеш.
37. Посетувај ги мудрите луѓе: ако си глупав – тие ќе те подучат, ако си мудар ќе станеш уште помудар.
38. Послушај го оној кој ќе те натера да плачеш, а не оној кој ќе те насмее.
39. Разликата помеѓу знаењето и богатството е тоа што знаењето нас нè чува, а богатството мора ние да го чуваме и во тоа што знаењето со употребата расте, а богатството се намалува.
40. Зборовите кои доаѓаат од срцето допираат до срцето, а оние кои се од устата стигнуваат најдалеку до ушите.
41. Раката која дава е секогаш над онаа која прима.
42. Секое чесно добро полека капе, а нечесното обилно тече: ама подобро малку и праведно отколку многу, а злобно.
43. Смртта може да те заборави еден ден, ама нема да те заборави утредента.
44. Бавноста доаѓа од Бога, а брзината од ѓаволот.
45. Три работи водат до пропаст: лакомост, алчност и самољубие.
46. Учени без работа – како облак без дожд.
47. Молчењето е украс на умниот, а маска на глупавиот.
48. Човек без воспитување е како тело без душа.
49. Човекот е господар на зборовите кои не ги изговорил, ама е роб на оние кои му излетале.
50. Чувај се од брзање, затоа што тоа секогаш доведува до каење: оној кој брза – зборува пред да дознае, одлучува пред да провери и куди пред да се увери.