50 интересни причини зошто е добро да се биде жена
Освен тоа што жените не мора да се прашуваат дали детето што го носат е нивно, да си ги местат гениталиите, да се грижат што ќе мислат другите додека се гушкаат со пријателките, тие исто така по правило живеат подолго и не ќелават.
1. Статистички, на жените почесто им опростуваат сообраќајни казни и слични прекршоци.
2. После оргазам, на мажите им е потребен одмор, но жените можат да доживеат неограничен број оргазми.
3. Жените не мора да си ги местат гениталиите за да им биде удобно во долниот дел од облеката што ја носат.
4. На жените многу поретко им снемуваат изговори за нивното однесување и во кавгите знаат да изнесат повеќе аргументи.
5. ПМС-от е општо прифатен изговор за нервозно и преемотивно однесување.
6. Жените не мораат да се грижат за губење на косата, додека 70% од мажите се ќелави по 30-тата.
7. Жените можат да одглумат оргазам, додека за мажите тоа е значително потешко.
8. Помалку се потат.
9. Живеат подолго.
10. Да се биде татина ќерка не е ни одблизу така лошо во споредба со тоа да се биде мамин син.
11. Не патат од комплекс за големината на пенисот.
12. Подобро озборуваат и повеќе уживаат во тоа.
13. Повеќето жени имаат подобар вкус за мода од мажите.
14. Ако жената не се избричи, тоа никој не мора да го знае.
15. Во просек, на жените им е полесно да добијат секс.
16. Имаат поголема толеранција на болка.
17. Не мораат да се грижат да прават распоред за секс.
18. Можат да се опијат побрзо и поевтино од момците.
19. Жените можат да се прегрнуваат со другарките, без околината да се прашува за нивната сексуална ориентација.
20. Можат да носат фустани, што на лето е исклучителна предност.
21. Почесто завршуваат факултет и во просек се пообразовани.
22. Можат да си ги продупчат ушите и да си ја бојадисаат косата без да добиваат чудни погледи од страна.
23. Жените први се спасуваат на брод кој тоне.
24. Жените можат да ги заплашат нивните мажи-шефови со бројни гинеколошки проблеми кои тие не ги разбираат.
25. Можат слободно да прашуваат за насоки на улица без да се чувствуваат незгодно заради тоа.
26. Желбата за секс на жените им се зголемува со годините.
27. Жена која плаче за тие одоколу е емотивна, маж кој плаче е шутрак.
28. Жените имаат бесплатна психотерапија кај пријателките.
29. Ниските жени се слатки, ниските мажи имаат Наполеонов комплекс.
30. Од жените не се очекува сѐ да знаат да направат сами.
31. Имаат подобри комуникациски вештини.
32. Жените кои не се спортски талентирани не се исмејувани во друштво.
33. Ако имаат големи уши, значително полесно им е да ги скријат.
34. За да зборуваат искрено и длабоко за своите чувства, не мора да бидат пијани.
35. За жените, купувањето облека е забава.
36. Жените не мора да се јават први, бидејќи тоа од нив не се очекува.
37. Самоуверено знаат дека детето е нивно, без да треба да тестираат ДНК.
38. Истражувањата покажуваат дека жените имаат 15% поголема веројатност за преживување во несреќа.
39. Способни се истовремено да пеглаат, да зборат на телефон и да гледаат телевизија.
40. Жените ја знаат вистината за тоа дали големината е важна.
41. Од жените не се очекува да носат тешко.
42. Знаат како умешно да прикријат мозолче.
43. На жените ново парче козметика може да им го разубави денот.
44. Жените созреваат побрзо од мажите, додека некои мажи никогаш не созреваат
45. Од жените не се очекува да подаруваат цвеќиња, само да знаат да ги примаат.
46. Не мораат да се грижат дали ќе закачат нешто со патентот.
47. Не се чувствуваат како кукавици ако одбијат физичка пресметка.
48. По правило, го добиваат старателството врз децата во случај на развод.
49. Знаат каква катарза носи плачењето.
50. Тие се поубавиот пол.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
REALLY???? Го честитате празникот со 50 стереотипи? Кафе пауза очекував повеќе од вас, барем некој мал текст каде ќе пишете зошто се празнува, мала историја и сл. Разочарувате сѐ повеќе….
Па не. Тоа е друг пост. Ова е баш спротивното, но кој како ќе си го доживее… Воедно ова е нешто што се чита од забава, не за да се сфаќа толку сериозно.
Potpolno se soglasuvam so Martina… Mozat slobodno da prasuvaat za nasoka na ulica bez da se cuvstvuvaat nezgodno? Zosto? Ne znaev deka e normalno za zenite da bidat izgubeni vo prostorot. Ne go ocekuvav ova od kafepauza.
Фала Стефани, но не си ја разбрала добро поентата на напишаното. Од каде сфати дека тоа се подразбира?