5 знаци дека вие сте носителите на семејната карма

5 знаци дека вие сте носителите на семејната карма

Кармата на крвно поврзаните предци се вика семејна карма. Членовите на семејството кои се духовно најразвиени ги носат овие „енергетски блокади“ во кармичкиот семеен живот, од раѓање и во текот на целиот нивен живот, сѐ додека не ја ослободат енергијата. Пренесувањето на енергијата може да се изврши физички вербално, енергетски или потсвесно.

5 знаци дека вие сте носителите на семејната карма

Доколку не се согласувате со вашите родителите, причината можеби лежи во енергетските врски од минатите искуства. Вие и вашите родители можеби имате кармички искуства во минатото, поради тоа што сте се повредиле еден со друг или сте одбиле да научите лекција. Семејната карма се пренесува од предците на прабабите и прадедовците, па на бабите и на дедовците, па потоа на родителите и на крајот на вас.

Земете го следниов пример: Вашата баба е премногу добра. Таа се грижела за сите и сите почнале да ја искористуваат, вклучувајќи го и вашиот дедо кој бил алкохоличар и пушач. Во тој случај, мајка ви се претвора во жртвена енергија, нејзе ѝ недостасува внимание и љубов за себе и за своите деца. Овие традиции се пренесуваат како лажни вистини, додека свеста на масата се одржува на многу ниско ниво.

Како дете на вашите родители, вие сте носители на кармичка ДНК која ви била пренесена. Тоа може многу малку да го чувствувате или пак да го чувствувате многу интензивно. Носителите на семејната карма ги имаат следниве необични карактеристики…

  • Вие сте духовно најразвиени и најсвесни од целото вашето семејство, вклучувајќи ги и вашите родители и браќа и сестри.
  • Чувствувате дека многу се разликувате од вашето семејство.
  • Понекогаш страдате од необјасниви болести и чувствувате дека сите товари во светот се на вашите рамена.
  • Многупати сте биле сведоци на бизарни семејни проблеми.
  • Препознавате начин на однесување кај вашите родители и предци што се повторува и посакувате да го промените.

Како да ги пресечете енергетските врски?

За да се ослободите од врските со семејната енергија, најпрво мора да се ослободите од нив на умствено и емотивно ниво. Размислете и дознајте дали живеете според правилата на вашите родители и нивните илузии. Сфатете дека тие најчесто се засноваат на страв и осуди. Откако сето тоа ќе ви стане јасно и ќе се ослободите од врските, ќе бидете слободни, ќе можете да им простите на вашите родители и веднаш да го напуштите „родителскиот дом“.

Со тоа што ќе ги раскинете енергетските врски и ќе преземете одговорност за сопствениот живот, ќе им дадете слобода и на вашите родители. Ако кажете „Не“ на нивните стравови и илузии, ќе забележите дека родителите не се идентични со нивните стравови и илузии. Исто како и вие, и тие се вселенски патници кои се обидуваат да ја исполнат нивната духовна мисија.

Откако ќе го почувствувате тоа, ќе сфатите дека тие се невини и дека им треба вашата прошка. Тие дале сѐ од себе, ве сакале онака како што знаеле најдобро, и покрај тоа што нивното најдобро можеби не било доволно добро. Можеби се сметате за жртви на егото на вашите родители уште од вашето детство и можеби сте живееле во согласност со нивните илузии, но ако ја надминете таа улога на жртви, ќе доживеете вистинско откровение.

Трансформирајте ги семејните енергетски врски со тоа што ќе го направите следново:

1. Медитирајте и правете самоанализи за да дојдете до суштината на проблемите што одново се појавуваат.

2. Разберете кои се начините на однесување што се повторуваат и сменете ги.

3. Станете господари на својот живот, на вашата енергетска душа и носители на сопствената карма.

Прочитајте и за 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар