5 знаци дека „симпатичната“ личност што сте ја запознале има лоши намери

5 знаци дека „симпатичната“ личност што сте ја запознале има лоши намери

Сигурно сте сретнале многу дволични луѓе во вашиот живот кои се преправале дека ви се пријатели и потоа ви забиле нож во грбот. Лесно е да се „падне“ на нивната глума, бидејќи тие се слаткоречиви и делуваат како навистина да сакаат да ви помогнат, но нивните вистински намери се сосема поинакви. За да се одбраните од такви манипулатори, прочитајте кои знаци откриваат дека „симпатичната“ личност што сте ја запознале има лоши намери…

5 знаци дека „симпатичната“ личност што сте ја запознале има лоши намери

1. Разговорите се секогаш еднострани

„Фините“ луѓе кои не ви мислат добро се програмирани да доминираат во разговорот. Вистина е тоа дека ретко кој човек знае да слуша внимателно, но повеќето барем се обидуваат да водат дијалог и разговорот да биде двостран. Но, внимавајте! Кога манипулаторот ќе почувствува дека неговите тактики не делуваат, ќе употреби друг метод за да ја оствари целта. Можно е одеднаш да покаже интерес за вашиот живот и да почне да ве распрашува што има ново кај вас.

Доколку забележите такво променливо однесување, знајте дека си имате работа со себична и манипулативна личност. Манипулаторите се толку сконцентрирани на себе што по некое време разговорот повторно ќе стане едностран и тие ќе се стават во центарот на вниманието.

2. Постојано имаат некои барања

Другиот „талент“ што го поседуваат манипулаторите е способноста да ве изморат. „Симпатичните“ луѓе со лоши намери ќе ги препознаете по тоа што постојано ќе бараат нешто од вас. Тие барања честопати ќе ги спомнуваат на суптилен начин, што можно е да ве збуни. Големото его на манипулаторите ги уверува дека тие можат да завладеат со самоконтролата на нивните „жртви“ благодарение на нивните супериорни методи. Не дозволувајте да се случи ова. Спротивставете се на нивните зборови и немојте да учествувате во нивните игри. Ќе успеете во тоа само мора да бидете доволно силни и одлучни.

5 знаци дека „симпатичната“ личност што сте ја запознале има лоши намери

3. Убедувањето за нив претставува игра

Манипулаторите постојано ќе се обидуваат да ве убедат во нешто и ќе ви вршат притисок да направите нешто. Нивните техники на убедување можат да бидат моќно оружје, ако не сте доволно проникливи. Вежбајте ја вашата способност за правилно расудување и научете се да кажете „Не“.

4. Имаат неприроден поглед и говор на тело

Цврстиот и сигурен поглед повеќето луѓе го толкуваат како знак дека можат да веруваат некому, а манипулаторите го користат тоа во нивна полза. Имено, тие долго ќе ве гледаат во очи, а со говорот на телото ќе покажуваат блискост, но една грешка ги открива нивните намери: Контактот со очите ќе трае предолго и ќе добиете чувство дека личноста непрестајно зјапа во вас, поради што ќе ви стане непријатно. Со тоа што манипулаторот не го трга погледот од вас, тој сака да воспостави контрола врз ситуацијата и да биде сигурен дека ќе го направите она што го посакува.

5. Се чувствувате лошо по разговорот со таа личност

Постои еден збор што најдобро опишува како се чувствуваме по комуникацијата со „симпатичната“ личност чии намери се лоши, а тоа е збунетост. Освен тоа, можно е да се чувствувате фрустрирано, луто и несфатено. Негативни емоции по разговорот се јавуваат во два случаи: Кога карактерот на соговорникот не се согласува со вашиот и кога соговорникот има лоши намери. Без разлика за кој случај се работи, таа личност не би требало да ви биде пријател.

Доколку сѐ уште не сте сигурни дали сте опкружени со луѓе со лоши намери, научете како да ги препознавате емоционалните манипулатори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Алек Reply

    Браво! Поучен и полезен текст.

Остави коментар