5 животни лекции на кои нè научи Фејсбук

5 животни лекции на кои нè научи Фејсбук

Сакале да признаеме или не, Фејсбук ни ги промени животите. Без разлика дали целиот живот си го споделувате на социјалните мрежи или пак сте умерен корисник, овие 5 нешта позајмете ги од виртуелната околина и пренесете ги во вашиот секојдневен живот.

(DPA) FACEBOOK

1. Не се плашете отворено да покажете дека нешто сакате, дури и ако сте првата личност што ќе го направи тоа. Неретко се воздржуваме и не сакаме да покажеме дека нешто или некој ни се допаѓа, додека некој друг не го направи истото. Отфрлете го тоа однесување.

2. „Лајкувајте“, односно не мразете. Секако дека постојат работи кои може да не ви се допаѓаат, но омразата кон некого и мразењето нешто ве оптоварува само вас.

3. Бидете отворени за коментари. Не се плашите да го изразите своето мислење, какво и да е.

4. Споделете го со другите она што ви се допаѓа. Ако нешто ве допрело, насмеало, развеселило денес, споделете го тоа со другите како и ним би им го разубавиле денот.

5. Создавање нови пријателства. Ако ви е удобно во нечие друштво, потрудете се да го претворите секое такво познанство во пријателство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар