5 вистински хорор приказни од апликациите за состанување
Апликациите за состанување може да бидат како руски рулет. Можеби ќе ја пронајдете „љубовта на вашиот живот“, но можеби ќе сретнете некој кој ќе ве игнорира целиот состанок. Сепак изгледа навистина треба да бакнете неколку жаби пред да го пронајдете принцот. Погледнете ги овие вистински хорор приказни од апликациите за состанување.
„Се согласив да се видам со едно момче со кое се допишував на ОкКупид. Одлучивме да одиме во еден мексикански ресторан во близина на мојот стан. Омилен ми е и одам таму постојано. Местото е мирно и е одлично за пијачки, како и за прв состанок. Па, се сретнавме со момчето во петок навечер и местото беше полно како и секој петок. Тој полуди и се однесуваше многу лошо со хостесите. Рече дека немало убава маса и дека мора да одиме на друго место. Ми кажа дека знаел друг мексикански ресторан во близина и дека би требало да одиме таму. Викнавме такси и се возевме околу 5 минути. Но, излезе дека овој ресторан му бил премногу скап. Веќе почнав да сфаќам дека е кретен. Сакаше да одиме на друго место, па се упативме и кон трет ресторан. Тој пак, беше премногу мал за него. На крајот предложи да се вратиме во првиот. Отидовме, испив една пијачка и си заминав бидејќи веќе го откри своето вистинско лице кое не беше воопшто убаво.“ – Кали, 27
„Поради работата патувам и имам отидено на неколку состаноци со жени за кои не сфатив дека не зборуваат англиски. Еднаш кога бев во Лондон бев на состанок со Русинка која учеше во странство. Отидовме на концерт и таа не прозбори ниту еднаш. Исто и јас, бидејќи не разбирам руски. Таа само пушеше цигари и пиеше виски. Потоа отидовме со пријатели и таа исчезна. Не е баш хорор приказна, но беше навистина непријатно.“ – Тајлер, 32
„Запознав едно момче на Тиндер и отидовме на пијачка. Изгледаше многу добро и нормално кога се допишувавме. Не беше толку згоден во живо, но тоа не ми претставуваше проблем. Изгледаше малку асоцијален. Ја испивме првата пијачка и разговаравме. До тогаш веќе ми беше јасно дека нема никаква хемија и бев подготвена да му речам да си заминеме. Само што го заврши пијалакот, веројатно се опушти од алкохолот и ме праша: ‘Дали сакаш деца?’ Му реков веројатно некогаш, но се чувствував многу непријатно, бидејќи кој поставува такво прашање на првиот состанок? Претпоставував дека ме праша бидејќи бев малку постара од него, па веројатно верува во стереотипот дека жените над 30 сакаат само деца. Но, причината не беше тоа. Ми рече: ‘Прашувам бидејќи ако ова стане сериозно, јас не смеам да имам деца. Имам историја на насилство и многу членови од моето семејство се во затвор. Сметам дека не е одговорно да се размножувам.’ Буквално на првиот состанок, после само една пијачка тој ми се исповеда. Ѝ напишав порака на една пријателка да ми се јави и да каже дека има некој итен случај, и таа дојде и ме спаси.“ – Лилит, 31
„Едно момче дојде кај мене дома. Беше помлад од мене. Јас имав 23, а тој имаше 20 години. Се запознавме на Гриндер и веднаш се фативме за работа. Целото време напнато ме гледаше во очи и беше навистина чудно. Кога завршивме отидовме да се тушираме. Ме праша дали може да ја позајми мојата капа за туширање, а потоа ми кажа дека ме сакал и дека сакал да бидеме пар. Му реков дека прво би требало подобро да се запознаеме и си помислив дека овој човек е луд и треба да си замине. Но, не сакаше да си замине. Му реков дека утрото имам работа, а тој ми рече дека ќе останел вечерта и ќе си заминел кога ќе се разбудам. Почнав да барам секакви изговори за да го натерам да си оди, а тој постојано ми велеше дека било во ред да остане. И постојано ме прашуваше дали го сакам. На крајот му реков дека го сакам само за да си замине. Потоа ми пишуваше пораки, и морав да му кажам дека нема да функционираме како пар. Тој сепак продолжи да ми се јавува и да ми пишува пораки, но никогаш не одговарав бидејќи не знаев што друго да правам.“ – Фин, 25
„Еднаш апликацијата ме спои со еден поранешен колега. Отсекогаш ми се допаѓал, но беше во сериозна врска, па затоа и не преземав ништо. Сепак, го немав видено неколку години, па ми призна дека и јас сум му се допаѓала. Бев навистина возбудена што е сингл и што можеме да излеземе. Беше чуден кога му предложував каде да одиме. Не сакаше да одиме на вечера, туку сакаше да одиме на пијачка во чудно соседство далеку од нашите домови. Исто така ми предложи да се видиме во 11 вечерта. Требаше да сфатам, но бев премногу возбудена. Сигурно знаете како заврши вечерта. Отидовме во барот, испивме малку повеќе, се вративме кај мене и имавме секс. Следниот ден го гледав неговиот Фејсбук профил и имаше фотографија од него и од неговата девојка објавена пред 2 дена. Тие никогаш не раскинале, тој само ја изневерил. Му се јавив и тој почна да ми кажува дека имале отворена врска. Тогаш му реков дека ќе ја додадам за пријател. Се разбира, тој полуди. Оттогаш го избришав профилот на Тиндер бидејќи мислам дека сите мажи таму имаат девојка.“ – Ана, 26
Дознајте и како влијаат социјалните мрежи на љубовните врски.