5 вида книги кои ја јакнат интелигенцијата
Повеќето луѓе поминуваат многу време читајќи книги кои немаат некоја особена вредност и кои по кратко време веднаш се забораваат. За разлика од нив пак, читањето книги кои ја јакнат интелигенцијата и мудроста, со себе може да донесат животни придобивки. Нашата цел е да ве охрабриме да читате книги кои трајно ја зголемуваат интелигенцијата, и како резултат на тоа влијаат и врз водењето на исполнет и просперитетен живот. Еве кои се тие.
1. Научни книги
Не мора да се работи за учебници. Тука спаѓаат сите книги кои ни го подобруваат разбирањето за природниот свет и општеството во кое живееме, а кои користат докази при објаснувањето на работите. Огромната важност на ваквите книги не доаѓа оттаму што тие докажуваат одредени теории, туку заради развојот на љубопитноста и методите на учење преку нивното читање. Научните книги нѐ учат како да ја истражуваме сопствената интуиција и да ја поткрепиме со докази, истовремено будејќи восхит и почит кон физичкиот свет и нашиот сопствен интелект.
2. Филозофски книги
Науката и филозофијата датираат уште од античките времиња. Додека науката нѐ учи како да го разбереме светот, филозофијата нѐ води кон себеспознание. Со еден збор, таа е науката за човековиот живот. Тука не спаѓаат само класичните филозофски дела, туку и религиозните текстови. Универзалната вредност на Библијата, Куранот и други религиозни текстови, не лежи во ширењето на религиозна догма, туку во содржаната мудрост и убавина, што инспирира милијарди луѓе да водат мирни и чесни животи. Иако денес на цена е модерната технологија, ова сепак е свет на човекот, а филозофијата е наука која најмногу помага во разбирањето на човековите работи и однесување.
3. Белетристика
Не е точно дека белетристиката е инфериорна наспроти другите жанрови само поради тоа што се состои од „измислени приказни“. Одличната белетристика во себе содржи повеќе вистина од кој било друг жанр, затоа што му дозволува на читателот да доживее нова реалност. Ваквите дела создаваат искуства кои ја воздигнуваат свеста. Во белетристиката има многу филозофија, психологија и историја. Тука, исто така, одличен е и јазикот. Читањето дела од овој жанр, ќе ви го подобри познавањето на јазикот, а и вештините за пишување. Меѓу другото, ќе направи да размислувате, зборувате и разговарате поубаво.
4. Историја
Историјата обично се смета за досадна, најмногу поради досадните учебници, предавања и помнењето на многу датуми. Но, во историјата има фасцинантни анегдоти, впечатливи ликови, и еволуција на идеи кои ја обликуваат денешната цивилизација. Со учењето на минатото, стануваме способни да ја толкуваме сегашноста, ја препознаваме природата на човештвото и на современите предрасуди. Иако историјата нема да ни помогне да ја предвидиме иднината, сепак таа го зголемува себеразбирањето и свесноста. Нè учи на безвременоста на идеите и моралот.
5. Поезија
Поезијата е уживање за човечкиот ум и во себе ја содржи мистериозната моќ на зборовите. Читањето врвна поезија буди чувства што не можат да се опишат со зборови, чувства на почит и занеменост пред моќта на зборовите. Одличната поезија претставува совршен спој на музика и значење. Поезијата ги изострува јазичните вештини и ја развива елоквентноста. Читањето поезија е неопходно за достигнување на одреден степен на совршенство во изразот. Затоа, не плашете се и обидете се.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.