5 важни човечки вештини кои наскоро ќе исчезнат

5 важни човечки вештини кои наскоро ќе исчезнат

Одредени работни позиции веќе исчезнуваат. Светот повеќе нема потреба од голем број работници што на времето биле клучни. А кога некое работно место исчезнува, со него исчезнуваат и многу вештини и способности. Веројатно ќе дојде и денот кога никој нема да знае да поправи ДВД. Во продолжение погледнете некои вештини кои сме заборавиле зошто ни се потребни и за кои постои опасност дека ќе исчезнат засекогаш.

1. Ткаење со плунка од школки

(1)5-vazhni-covhechki-veshtini-koi-naskoro-kje-ischeznat-kafepauza.mk

На еден мал остров на брегот на Сардинија живее стара жена која е единствениот човек на светот што знае да го направи материјалот познат како „морска свила“. Ова е најреткиот текстил на Земјата и единствениот начин да го најдете е да одите на островот и да ја посетите нејзината работилница. Таа им го подарува материјалот на сите кои се доволно храбри да ја посетат. Она што е интересно е дека оваа ткаенина е направена од плунка. Секоја пролет Чиара Виго нурка во водата околу островот и бара материјал за нејзината свила. Материјалот е стврдната плунка од посебен вид локални школки. На некој начин, можеби со магија, таа успева направи ткаенина од плунката.

Оваа техника потекнува уште од древен Египет. Ткаенината била навистина ценета не само поради нејзиниот сјај, туку и поради верувањето дека носи среќа и ја подобрува плодноста. Процесот на изработка е толку тежок и долг што веќе никој не се ни труди да го научи. Поради деликатноста и реткоста на оваа свила, Виго би можела да стане милијардер, но таа одбива да ја продава сметајќи дека со тоа ќе го навреди Бог. Па, затоа таа ја дава бесплатно.

2. Правење совршена сфера

(2)5-vazhni-covhechki-veshtini-koi-naskoro-kje-ischeznat-kafepauza.mk

Австралијанецот Аким Лејстнер поседува навистина редок талент. Се верува дека тој е единствениот човек на светот кој може да направи совршена сфера. Тој ги прави сферите од чист силикон со „грешка“ од само неколку нанометри. А токму оваа вештина му е потребна на килограмот. Метричкиот систем за мерење е заснован на многу прецизен стандард. Денес килограмот е единствената мерна единица која има физички прототип – прецизно измерен материјал со кој се споредува останатата маса. Овој материјал е наречен интернационален прототип за килограм, и е прецизно измерена мешавина од платина и иридиум која се чува заклучена во Париз. Проблемот е што и овие мерки не се доволно бидејќи прототипот ја губи својата маса.

Тоа е и причината поради која научниците се согласиле дека не се намалува вредноста на килограмот, туку целиот универзум се „здебелува“. Но, ако научниците можат да најдат силиконска сфера чија маса е точно еден килограм до последниот молекул, тие ќе можат да ги избројат атомите и да дојдат до непроменлив универзален стандард. Овде станува корисен талентот на Аким, бидејќи тој би можел да направи совршена силиконска сфера. Овој проект е навистина тежок, трае неколку месеци и вклучува деликатно полирање на сферата со кое се отстрануваат само по неколку атоми. За жал, Аким е во своите 70-ти е сè уште нема пронајдено ученик кој ќе ја совлада неговата техника. Ниту една технологија не може да го создаде она што го прави Аким со своите раце.

3. Најдобриот софтвер за енкрипција

(3)5-vazhni-covhechki-veshtini-koi-naskoro-kje-ischeznat-kafepauza.mk

Прашајте кој бил новинар кој работи со чувствителни информации како ги чува своите тајни, и најверојатно ќе ви каже нешто што е наречено GNU Privacy Guard (GnuPG). Ова се смета за најдобриот софтвер за енкрипција. Кога Едвард Сноуден ги објавил класифицираните документи, го направил тоа со помош на овој софтвер. GnuPG е всушност еден човек чија канцеларија се наоѓа во неговиот дом во Германија.

Вернер Кош е дизајнерот, програмерот и сопственикот на овој софтвер. Но проблемот е што тој постојано е сиромашен и користи донации за да прави надградби на софтверот. Во 2015 година Кош изјавил дека сака да се откаже и да најде обична работа, но тогаш се случил инцидентот со Сноуден. Ова го натерало да сфати дека неговиот софтвер е премногу важен за да го напушти. Во просек, Кош заработува околу 23.000 евра годишно за најважниот софтвер во историјата.

4. Последниот познавач на мртов јазик

(4)5-vazhni-covhechki-veshtini-koi-naskoro-kje-ischeznat-kafepauza.mk

Замислете да ви речат да напишете речник. Знаете ли од каде ќе почнете? Замислете си дека не знаете ни да користите компјутер, а јазикот за кој треба да го пишувате речникот е изгубен засекогаш. Пред Европејците да се доселат во Северна Америка, племето Вукчумни имало околу 10.000 жители. Денес се останати уште 200, а од нив само еден го познава јазикот.

Тоа е 84-годишната баба Мари Вилкокс. Сфаќајќи дека со неа можеби ќе замине важен дел од човечкото знаење, таа решила да направи речник. Се разбира, и нејзиното сеќавање не е најдобро, не разговарала на тој јазик со децении, па оваа задача е навистина тешка. И покрај пречките, Мари речиси го завршила речникот благодарение на трудот и поддршката од семејството.

5. Религијата која исчезнува поради целибат

(5)5-vazhni-covhechki-veshtini-koi-naskoro-kje-ischeznat-kafepauza.mk

Арнолд Хад и Џун Карпентер живеат осаменички животи во Америка и не се заинтересирани за медиумско внимание. Тие се обични луѓе, но се прославиле по нешто навистина чудно. По смртта на нивниот пријател Френсис Кар, тие се последните следбеници на една религија. Арнолд и Џуд се последните членови на „Обединето општество на верувачи“. Некогаш оваа религија имала илјадници следбеници, но на повеќето христијани од Европа не им се допаѓала нивната филозофија, па биле принудени да избегаат на друг континент. Проблемот бил што овие луѓе верувале во универзална еднаквост помеѓу двата пола. Пред Американската граѓанска војна, тие биле првите луѓе кои им дозволувале на другите да им се приклучат како еднакви.

Покрај тоа, следбениците на оваа религија биле многу иновативни, а како што знаеме иновациите се сметале за „ѓаволска работа“ од страна на христијаните. Тие нашле начин да ја направат облеката водоотпорна, и тоа со толку ефективни методи кои ги користиме и денес. Исто така тие ја измислиле кружната пила и многу други направи кои се користат во земјоделството. Па како всушност исчезнува оваа религија? За жал имаат едно правило – не смеат да имаат сексуални односи. Оваа религија бара апсолутен целибат, па нема како да се родат нови следбеници. Иако има двајца живи членови, тие нема како да ја продолжат нивната „лоза“.

Погледнете и кои се професиите за кои се верува дека наскоро ќе исчезнат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар