5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

Хрватска отсекогаш била скриена скапоценост на Балканот, но во последните години стана атрактивна и за туристите од целиот свет. Историјата, прекрасните плажи, националните паркови и шармантните градови прават секој турист да се вљуби во оваа држава и да посака што почесто да се враќа таму.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

Но, како и секоја популарна дестинација, така и Хрватска има свои замки во кои туристите често паѓаат, а кои всушност се лесни за избегнување. Во продолжение следуваат најчестите пет…

1. Посета во тек на туристичка сезона

Јули и август се најпопуларни периоди за да се посети Хрватска, но не се и најдобрите. Во текот на летните месеци градовите се преполни со луѓе, улиците со автобуси, а морето со бродови за разгледување на брегот. Дури и локалните жители повеќе ги сакаат раните летни и есенските денови за уживање покрај море. Исто така, престојот во мај, јуни, септември и октомври е доста поевтин.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

2. Плаќање со евра наместо со куни

Едно евро е 7,4 куни и доколку плаќате со евра, може да се случи рестораните или кафулињата да ви наплатат „округла“ сума и со тоа да дадете повеќе пари. Затоа, подобро е во менувачница да размените евра во куни и да плаќате по цените наведени во државната валута.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

3. Разменување валути во која било менувачница

Внимавајте каде ги разменувате парите, бидејќи може да се случи исто така да добиете заокружен износ и да ги почестите некое евро и вработените таму. Најдобро е да одите во банка, каде што ќе ви ги разменат парите со точниот износ. Исто така, банките работат со скратено работно време за викенди, па затоа купете куни порано.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

4. Плаќање премногу за просечна храна

На колку поатрактивна локација се наоѓа ресторанот, толку повисоки се и цените. Локалната храна во Хрватска е навистина вкусна, но традиционалните специјалитети можете да ги најдете и во рестораните кои немаат поглед на море и не се во туристичкото срце на градот. Најскапиот локал не значи и дека е најдобар. Постојат многу онлајн туристички сервиси каде што може да прочитате искуства на некои кои веќе ги посетиле и да одлучите каде вие ќе отидете.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

5. Плаќање превисока цена за такси

Како и во повеќето туристички места, така и во Хрватска често се случува таксистите да ве возат по подолг пат за да можат да пријават подолга релација, но и сето тоа дебело да го наплатат. Затоа, можете да ги разгледате опциите за јавен превоз во местото каде што престојувате или пак да се консултирате со домаќините на сместувањето, кои во најголем број се љубезни и фини.

5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

За полесно да изберете кое место да го посетите, прочитајте повеќе за шармантното хрватско крајбрежје


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар