5 темни тајни кои „среќните парови“ ги кријат од вас

5 темни тајни кои „среќните парови“ ги кријат од вас

Работите не се секогаш онакви како што изгледаат. Токму затоа понекогаш можеме да дојдеме до погрешен заклучок само затоа што не ја знаеме целата приказна, а ова се случува особено често кога станува збор за љубовните врски. Погледнете дел од најинтересните студии кои биле спроведени на илјадници парови и дознајте го одговорот на прашањето „Каде сте вие во однос на другите среќни парови?“ Овие резултати ќе ве изненадат, но и ќе ви помогнат да ја промените перспективата кон вашата врска. Изгледа дека среќата е релативна работа, па дури и „најсреќните парови“ имаат свои темни тајни…

5 темни тајни кои „среќните парови“ ги кријат од вас

1. Оние кои изневеруваат се среќни во своите врски

Доколку вашиот партнер е среќен дома, тоа не значи дека вашата врска е отпорна на афери. Всушност, оние кои најмногу изневеруваат се опишуваат себеси како „среќни“ во нивните врска. Според една студија спроведена од Универзитетот Ратгерс, 56% од мажите кои имале афера изјавиле дека го сториле тоа дури и покрај фактот што биле среќни во својот брак.

2. Среќните парови се караат редовно

Или подобро кажано, барем еднаш во една недела. Една студија од Државниот универзитет во Флорида открила дека паровите кои имаат навика да се караат „луто, но искрено“ на долг рок се многу посреќни. Сепак, тоа не значи дека треба да употребувате погрдни зборови. Според друга неодамнешна студија, 90% од најсреќните индивидуи никогаш не употребиле погрден збор кон својот партнер. Токму затоа карајте се културно.

3. Паровите без деца се посреќни

Немате деца? Нема проблем. Паровите кои немаат деца се многу посреќни. Една студија од Отворениот универзитет во Англија открила дека родителите се постојано под стрес, спијат многу полошо и немаат време за себе. Но, паровите кои немаат деца вложуваат многу повеќе време и внимание на својата врска, па токму затоа и се посреќни во неа за разлика од родителите кои скоро целото внимание им го посветуваат на своите деца.

4. Честите сексуални односи не секогаш ве прават посреќни

Постои верување дека најсреќните парови се оние кои имаат активен сексуален живот, но вистината е дека подобро е да не се прејде веднаш на секс кога станува збор за новите врски. Во 2002 година, група истражувачи од Универзитетот Корнел спровеле студија на 600 парови и откриле дека најсреќни се оние кои не брзале со својот прв однос. Доволно е да се почека само еден месец по почетокот на врската доколку сакате на долг план да бидете посреќни со својот нов партнер.

5. „Заљубеноста“ претставена преку Фејсбук е лага

Според еден извештај од 1,3 милиони корисници на Фејсбук, врските кои не се споделувани јавно имаат поголеми шанси за опстанок. Од друга страна пак, оние парови кои немаат многу заеднички пријатели, односно припаѓаат на различни социјални кругови, исто така остануваат подолго време заедно во врска. Но, она што е најинтересно е дека 4 од 5 пара го обвинуваат Фејсбук за крајот на својата врска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар