5-те најпознати митови за Мајкл Џексон
Мајкл Џексон отсекогаш бил и ќе остане мистерија за сите негови фанови. Тоа што не откриваше детали за неговиот живот и што не оправдуваше некои негови чудни постапки, остави простор за многу гласини. Во продолжение погледнете ги 5-те најчести и најпознати митови за познатиот пејач.
1. Бил сексуално малтретиран од неговиот татко
Веројатно знаете дека Мајкл го бие глас дека злоставувал деца. Во 1990-тите, на едно дете му исплатил речиси 20 милиони евра за оштета од злоставување, а на судење во 2009-та година бил прогласен за невин.
Биографот Ренди Тараборели, во неговата книга од 1991-ва година насловена „Мајкл Џексон: Магија и лудило“, истакнал дека со години кружеле гласини дека Џосеф Џексон сексуално ги злоставувал членовите на неговото семејство. Ла Тоја Џексон, сестрата на Мајкл, во нејзините мемоари напишала дека татко ѝ ги злоставувал неа и нејзината сестра Деби, за подоцна да изјави дека тоа не било вистина.
На шоуто на Опра, Мајкл Џексон признал дека татко му се изживувал со него, а татко му рекол:
„Никогаш никој не сум тепал, тоа се прави со стап. Јас казнував само со колан.“
Кога станува збор за сексуалното злоставување, никогаш не е докажано дека се случило нешто такво.
2. Мајкл бил геј или асексуалец
Мајкл отсекогаш тврдел дека не е геј, но многу биографи сметаат дека не бил искрен. Иан Халперин напишал дека Мајкл бил геј, а Тараборели истакнал дека пејачот во најмала рака бил бисексуалец. Биографот Ранал Суливан пак кажал дека Мајкл бил 50-годишник кој никогаш немал секс. Меѓутоа, ова тврдење паѓа во вода бидејќи многу жени сведочеле дека спиеле со пејачот.
3. Мајкл сакал да биде белец
Популарноста на Мајкл растеше со текот на времето, а фановите не можеа да не забележат дека пејачот стануваше сè побел. Многумина сметаа дека тој го осветлува неговиот тен за да им се додворува на белите фанови. Но Мајкл изјавил дека ова не е вистина и во интервју од 1993-та година открил дека боледува од витилиго и дека се шминка за да ја изедначи бојата. Ова го потврдила и аутопсијата од 2009-та година.
„Јас сум Афроамериканец и сум горд на тоа. Се гордеам на својата раса и во тоа нема сомневање“, изјавил тој.
4. Мајкл го смислил познатиот чекор за танцување „moonwalk“
Кога во 1983-та година Мајкл го изведе познатото „месечево одење“, целиот свет полуде. Сите сметале дека чекорот им пркоси на физичките закони. Меѓутоа, неговата сестра Ла Тоја изјавила дека Мајкл го научил чекорот, кој оригинално бил наречен „backslide“, од некој друг танчар.
5. Мајкл умрел без нос
Кога Мајкл почина, весникот Rolling Stone објави дека протезата која Мајкл ја ставал на носот ја немало и таму имало само црна дупка и мал ‘рскавец. Аутопсијата покажала дека Мајкл ги тетовирал неговите усни црвени, а скалпот црн за периките да му стојат подобро. Личноста која работела на аутоспијата изјавила дека митот за „исчезнатиот“ нос е лажен.
Погледнете ги и овие митови за познатите ѕвезди во кои луѓето веруваат и денес.