5-те најинспиративни цитати на суперхероите
Оваа година без сомнение е годината кога филмовите за суперхерои ќе го досигнат својот врв, а токму овие ликови се тие кои секогаш нѐ мотивираат да не се откажеме и храбро да продолжиме понатаму. Секоја нивна приказна е исполнета со мудрост која низ годините се пренесува како едно културно наследство, а нивните инспиративни зборови ќе останат со нас засекогаш. Во продолжение прочитајте ги 5-те најмоќни цитати од познатите филмови за суперхерои.
„Не е важно кој сум под маската, туку тоа што го правам е тоа што ме дефинира.“ – Брус Вејн, „Бетмен започнува“
Овој цитат е наменет да ги инспирира луѓето, бидејќи дава поттик да се направи нешто подобро, да се биде подобар. Тоа што ве дефинира не е материјалната слика која ве опишува, туку тоа што го правите за себе и другите е најважната карактеристика која ја одредува вашата вредност.
„Со тебе сум до самиот крај.“ – Стив Роџерс, „Капетан Америка: Зимскиот војник“
Оригинално изговорен од Баки Барнс во 40-тите години, овој цитат станува легендарен кога се повторува на крајот од филмот, кога Стив Роџерс (Капетан Америка) сака да го потсети својот најдобар пријател дека секогаш ќе биде подготвен да го жртвува сопствениот живот за да го спаси нивното пријателство. Моќта на цитатот се состои во тоа што ја мотивира публиката да ги ценат најголемите вредности кои животот може да ги понуди: Семејството и пријателите.
„Знаеме дека сме исплашени, но тоа не значи дека сме слаби.“ – Хал Џордан, „Зелениот фенер“
Сите понекогаш се плашиме, но начинот на кој се однесуваме и реагираме на тој страв е она што ја дефинира силата на нашиот карактер. Стравот никогаш не треба да се едначи со слабоста.
„Мораме да бидеме поголеми од нашите страдања.“ – Гвен Стејси, „Неверојатниот спајдермен 2“
Човечки е да се греши. Ние луѓето секогаш ќе се соочуваме со најразлични предизвици и пречки на патот кон успехот и така ќе ја мериме нашата храброст и истрајност. Она што треба да го направиме е да се обидеме да ги пребродиме на наш сопствен начин и преку нив да научиме да станеме подобра личност.
„Една работа не е убава само затоа што трае.“ – Визија, „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон“
Во една филозофска дискусија со главниот антагонист во филмот – Ултрон, Визија се обидува да му објасни зошто човештвото е вредно да се спаси, иако негативецот одбива да го увиди тоа. Убавината е минлива и не се состои само во работите кои луѓето ќе ги сакаат и идеализираат, туку во оние работи кои ќе ги запаметат.