5-те најдобри места за патување во септември
Септември е синоним за крајот на летото. Но, тоа не значи дека завршиле викендите или „бегањата“ настрана. Всушност, септември може да биде еден од најдобрите месеци за патување бидејќи речиси сите се враќаат на работа или училиште, а цените драстично се намалуваат. Па доколку планирате да одите некаде овој месец, овие предлози можеби ќе ви помогнат да се одлучите.
1. Атлантик Сити, Њу Џерси, САД
Ова место одамна е одмаралиште со плажа за луѓето од Њујорк и Филаделфија кои бараат брзо бегање од реалноста. Овде има многу казина, широки плажи и прекрасни булевари. Можеби коцкањето ќе ви го привлече вниманието, но Атлантик Сити е град со плажа, па посетата во септември ќе ви овозможи да уживате во последните топли денови. Шетајте по булеварите, научете да сурфате или упатете се на неверојатниот фестивал за храна – учествуваат 40 локални ресторани и се одржува на 8-ми и 9-ти септември.
2. Пиемонт, Италија
Овој регион е на италијанската страна на Алпите и е познат по неверојатното вино. Покрај тоа овде ќе најдете неверојатно чоколадо, рижото и над 160 видови сирење – вистински рај за храна. Ако ви досадат пиењето и јадењето, што сигурно нема да се случи, секогаш можете да ги истражувате средновековните села и замоци. Септември е одличен период за посета бидејќи е почеток на сезоната на тартуфи кои можете да ги најдете по пониска цена. Можете да најмите и водич кој ќе ви помогне во истражувањето, да одите да берете тартуфи или да го посетите винскиот регион Ланге кој е заштитен од УНЕСКО.
3. Квебек, Канада
Калдрми, невозможни градски ѕидови и стара архитектура – шетањето низ овој град ќе ве убеди дека сте во Европа. Квебек од неодамна е под заштита на УНЕСКО и е единственото место од ваков вид во кој живеат луѓе. Овде можете да зборувате француски и да уживате во француската храна. Квебек секогаш е популарен во текот на летото, но во септември и почетокот на есента гужвата се расчистува. Ова значи многу пониски цени.
4. Миртл Бич, Јужна Каролина, САД
Со плажата од 95 километри, не е ни чудно што Миртл Бич е омилена дестинација на многумина. Всушност, секоја година овој град го посетуваат 15 милиони туристи. Можеби одат за сонцето и песокот, но остануваат поради шармот на малиот град кој има шеталиште покрај океанот, прекрасен центар, многу забавни паркови и над 100 терени за голф. Цените во септември се значително пониски, а водата и времето сè уште се совршени.
5. Шангај, Кина
За ова патување, како и за повеќето, ќе ви треба повеќе од еден викенд. Но, нема да зажалите ако го посетите Шангај. Модерниот град е дом на 24 милиони луѓе, како и на културната, финансиската и технолошката индустрија. Па, ова не е град за оние со слабо срце. Можете да одите на крстарење или да го посетите пазарот во стариот град. Исто така би требало да ги видите и старите водни кули веднаш до градот.
Ако ја чекате есента, погледнете кои се најдобрите есенски дестинации од источна Европа.