5-те најдобри дестинации од источна Европа за оваа есен
Повеќето луѓе сакаат да патуваат за време на летото или пролетта, но есенските патувања се секогаш поевтини, со помалку гужва и совршена температура. Есента е период кој изобилува со интересни настани и изложби кои го слават ова годишно време. Иако повеќето туристи одбираат да ги посетат државите во западна Европа, и истокот си има своја убавина.
1. Нови Сад, Србија
Овој град е втор по големина во Србија, и е познат како европската престолнина на културата. Без разлика дали ќе го посетите есенскиот пазар за цвеќиња, ќе уживате во некое пиво или пак ќе ја посетите Петроварадинската тврдина, есента е совршениот период за да го разгледате овој град. Љубителите на пивото најмногу ќе уживаат во октомври бидејќи во овој месец се одржуваат 2 фестивали на пиво.
На овие фестивали ќе најдете над 20 видови пиво, разни семинари, ќе можете да гледате како се произведува пивото, и се разбира ќе слушате одлична музика.
Исто така, можете да го посетите и есенскиот пазар кој е отворен во последната недела од октомври. Овде ќе најдете многу цвеќиња, садови од глина, есенски зеленчуци и традиционални рачни изработки.
2. Варшава, Полска
Познат како еден од најубавите градови во источна и средна Европа, Варшава им нуди многу на туристите. Од неверојатна архитектура, па сè до фестивали, изложби и настани. Еден од поважните настани е интернационалниот филмски фестивал кој се одржува во октомври. Посетителите не само што имаат можност да гледаат нови филмови, туку може да учествуваат и во разни работилници.
Друга возбудлива атракција која е закажана за оваа есен е 3Д предисторискиот океаниум. Во соработка со некои од најдобрите палеонтолози, 3Д дизајнерите го реконструирале морскиот свет од пред 350 милиони години.
Можете да го посетите и Стариот град, каде што се очекува изложбата „Дали наспроти Ворхол – уметност, музика, филм“. Споредувајќи ги овие генијалци, ќе бидат изложени над 100 нивни дела, и тоа некои од нив за прв пат.
Продолжува на следната страница…