5 тајни моќи на контактот со очи

5 тајни моќи на контактот со очи

Постојат многу истражувања на полето на невербалните знаци, особено на оние кои доаѓаат од очите и кои влијаат на нашето однесување. Погледнете ги наредниве 5 интересни откритија за моќта на контактот со очи до кои дошле истражувачите…

beautiful  girl

1. Погледот очи-во-очи предизвикува сексуална возбуда

Гледањето директно во очите на друга личност предизвикува сексуална возбуда, но како таа ќе биде интерпретирана зависи од личностите кои се вклучени во ситуацијата. Понекогаш упорното набљудување од страна на непозната личност може да биде сфатено како закана и да предизвика страв. Ова често се случува кај социјалните животни. Директно гледање во очи од човек кон куче или мајмун може да биде интерпретирано како закана од поголемото (и чудно) суштество, односно човекот. Но сепак, погледот од потенцијалниот сексуален партнер предизвикува возбуда која може да биде интерпретирана онака како што навистина е наменета – како сексуална покана.

2. Очите ќе ви кажат дали насмевката е вистинска или не

Психологот Пол Екман направил разлика помеѓу насмевките што претставуваат вистинска среќа и лажните насмевки кои можат да бидат искористени да скријат други емоции. Клучот во разликувањето на овие две насмевки се наоѓа во очите. Кога се формира вистинската насмевка, очите се стеснуваат и создаваат линии на надворешните агли.

3. Проширувањето на зениците е знак на интерес (и прави да изгледате секси)

Кога сме заинтересирани за нешто или некого, нашите зеници се прошируваат. Во една студија, на дел од фотографиите, на една жена очите ѝ биле променети за да ѝ изгледаат зениците проширени. Оние фотографии каде што таа била со проширени зеници била оценувана како поатрактивна одошто на фотографиите кои не биле обработени.

2-5-tajni-mokji-na-kontaktot-so-ochi-www.kafepauza.mk_

4. Взаемното зјапање е знак за љубов

Истражувањата на темата љубов и привлечност откриле дека взаемното зјапање, односно долгото гледање директно во очи е добар знак дека оние две личности кои го прават тоа се заљубени.

5. Контактот со очи е клучен при измама, но не онака како што вие мислите

Сите веруваат дека лажговците нема никогаш да ве погледнат во очи, но истражувачите на невербалните знаци поврзани со измамата откриле дека оние кои лажат прават многу повеќе контакти со очи отколку оние кои ја кажуваат вистината. Тоа се случува бидејќи оној кој мами ги преувеличува сите свои однесувања во обидот да ве убеди во своите „вистинитости“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар