5 суптилни начини на кои вашето куче бара помош од вас
Постојат однесувања и сигнали на кои треба да обрнете внимание за да откриете што точно му треба на вашето куче од вас.
1. Гладен сум
Оние кои имаат кучиња знаат дека кучињата речиси секогаш можат да јадат, особено ако јадете и вие. Честопати ќе го забележите вашето домашно милениче како ве гледа со својот кучешки поглед и како ве моли да му дадете нешто и него. Сепак, постои разлика помеѓу таквите молитви за храна и вистинскиот глад.
Ако вашето куче фрли играчка пред вас, тоа всушност значи дека сака да јаде, а не да игра. Следниот пат кога кучето ќе дојде пред вас со играчка во устата и ќе ја фрли кон вас, дајте му храна.
2. Се плашам
Копањето е едно од вообичаените однесувања на кучињата и тоа е природна форма на вежбање и начин да се потроши енергијата. Но, постојат и скриени знаци зад копањето, а тоа понекогаш може да покаже дека вашето куче е исплашено. Ако фатите куче како копа за време на грмотевици или слични временски непогоди, тоа може да значи дека е вознемирено.
Понекогаш кучињата копаат ако се плашат од опасните кучиња во соседството или од некои други потенцијални закани.
3. Ме боли или ми требаат повеќе хранливи материи
Куче што џвака чевли е позната глетка, но може да биде знак на вознемиреност, досада и стрес. Ако вашето куче е помладо од шест месеци, тоа може да значи дека му растат заби и се обидува да ја ублажи болката. Во други ситуации, џвакањето чевли може да значи дека на вашето домашно милениче му недостасуваат хранливи материи.
4. Имам здравствени проблеми или проблеми во однесувањето
Кучињата ги лижат луѓето од многу причини, а во некои ситуации лижењето може да биде показател на вознемиреност или компулсивно однесување. Исто така, може да забележите дека вашето куче често ја лиже ногата. Тоа може да биде знак дека го чешаат шепите поради алергија. Ако кучето постојано лиже, посетете ветеринар.
5. Жеден сум
Постојат очигледни знаци дека вашето куче е дехидрирано, а тоа се суви очи и интензивно издишување, но има и некои други сигнали на кои треба да обрнете внимание. Ако вашето куче е летаргично, не сака да јаде, има сув нос и суви непца, тоа исто така може да биде знак на дехидратација.
Прочитајте како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки.