5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови

5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови

Ако сте личност со пристап до Интернет, голема е веројатноста да сте изгледале барем еден порнографски филм. Бидејќи порнографијата е толку честа, веќе секој од нас ја гледа како норма. Не се обрнува внимание на несаканите ефекти, а многу парови и професионалци се расправаат за тоа дали е дел од здрава љубовна врска.

5-shtetni-i-nesakani-efekti-od-gledanje-ponografkski-filmovi-kafepauza.mk

Сигурно имате слушнато за штетните последици од порнографијата, но дали знаевте кои се тие? Прочитајте во продолжение.

1. Ги уништува врските

Направени се неколку истражувања за влијанието на порнографските филмови на романтичните врски, и резултатите се алармантни. Според Focus on the Family, порнографијата го намалува сексуалното задоволство.

„Еден од најлошите несакани ефекти од порнографијата е тоа што ја саботира способноста да уживате во нормален секс.“

Ова може да води до многу проблеми во врската или бракот. Според психолозите, порнографијата може да биде причина за неверство. Истражувањето покажало дека луѓето кои многу ретко гледале филмови за возрасни имале пониско ниво на негативна комуникација, биле повеќе посветени на врската и доживувале поголемо сексуално задоволство.

2. Создава зависност

Мозочниот центар за награда реагира позитивно на работи кои ни се потребни за преживување, како на пример, храната. Кога се активира овој дел од мозокот, тој лачи допамин. Допаминот создава пријатно и убаво чувство. Па на овој начин ние ќе ги повторуваме работите кои ни се неопходни за преживување. Овој центар за награда реагира исто со дрога и со други супстанци кои создаваат зависност, вклучувајќи ја и порнографијата. По некое време мозокот се навикнува на овие филмови, и почнува да бара повеќе. Корисниците често се обидуваат да надоместат гледајќи ги овие филмови подолго, или пак бараат поинтензивен материјал за да ја достигнат возбудата која ја чувствувале на почетокот. Како и дрогата, и оваа навика може да се влоши и на крај на зависникот му е многу тешко да се откаже. Сепак важно е да запомните дека не се зависници сите што гледаат филмови за возрасни.

3. Дава нереални очекувања

Не е тајна дека порнографската индустрија е само тоа – индустрија. За да заработат пари, тие прават сè да изгледа совршено. Актерите во овие филмови имаат цел тим луѓе кои се грижат за нивниот изглед, а понекогаш прават и по некоја пластична операција. Токму ова им дава нереални очекувања на луѓето за тоа како треба да изгледа сексот.

4. Децата добиваат нездраво сексуално образование

За жал, децата и тинејџерите имаат многу лесен пристап до порнографските филмови. Едно истражување покажало дека 94% од децата биле изложени на овие филмови пред да наполнат 14 години. 53% од нив верувале дека она што го изгледале е реален приказ за еден интимен однос. Некои деца дури почнале и да го имитираат однесувањето на актерите во филмовите.

5. Создава чувство на осаменост

Се сеќавате на допаминот кој го спомнавме погоре? Додека тој прави да се чувствувате убаво некој период, порнографските филмови создаваат и чувство на осаменост. Според доктор Гери Брукс, психолог кој веќе 30 години работел со зависници од порнографија, колку повеќе некој гледа филмови за возрасни, толку поосамено се чувствува. Луѓето со овој проблем многу често не разговараат за тоа поради страв од одбивање, повреда и други слични причини. Порнографијата не треба да биде нешто за коешто не се разговара. Многу луѓе имаат проблем со неа, па важно е да се создаде атмосфера со љубов наместо со срам и потсмевање. Како и со многу други проблеми, така и со оној со порнографијата не можете да се справите сами.

Што да направите?

Ако препознавате кој било од овие несакани ефекти, побарајте помош. Немојте да се чувствувате осамено или засрамено бидејќи многу луѓе се во истата ситуација. Ако не можете лично да разговарате со некого, постојат многу онлајн извори кои можат да ви помогнат. Ако знаете некој со ваков проблем, немојте да го терате да се откаже со срам. Бидете добри кон него, покажете почит и љубов и дајте му ја помошта и поддршката која му е потребна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар