5 шармантни европски градови кои вредат да се посетат оваа пролет
Можеби државите на Балканот и во Јужна Европа не се наоѓаат на светските топ листи за туристички дестинации, но она што е сигурно е дека постојат навистина прекрасни градови кои вредат да бидат посетени.
Затоа, оваа пролет заборавете на Париз, Прага, Рим и Барселона и целете кон поблиски и со сигурност поевтини места.
1. Блед, Словенија
Градот Блед, заедно со езерото, е идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во уникатна и живописна природа. Езерото има прекрасна сина боја, а убавина додава и опкружувањето со дел од планинскиот венец од Алпите. Поради тоа, Блед е и чест избор на љубителите на планината. Во близина се наоѓа и езерото Бохињ, кое исто така вреди да се посети.
2. Брашов, Романија
Во овој град има многу дворци, меѓу кои се наоѓа и Бран, каде што живеел грофот Дракула. Градот нуди одличен спој на историја и историски локалитети и модерни кафулиња и ресторани, што ќе ви овозможат многу удобен престој.
3. Јајце, Босна и Херцеговина
Прекрасен град сместен на водопадите на реката Врбас. Јајце е дом на многу градби од античките времиња, на тврдини од средниот век и на мистериозната катакомба по која градот е препознатлив. Во близина се наоѓа и единствената готска црква во Босна и Херцеговина.
4. Котор, Црна Гора
Котор излегува на Јадранското Море и нуди сосема поинаков пролетен и летен одмор. Со самото влегување во градот може да се види и да се почувствува богатата историја, но и духот на модерното време. Исто така, нуди можност и за полесни планинарски тури, а прекрасен е и за оние кои сакаат само да пешачат и да уживаат.
5. Охрид, Македонија
За нашиот бисер може многу да се пишува, но тоа никогаш нема да биде доволно за да се опише неговата убавина. Тука е сместено најстарото езеро во Европа, многу хотели, кампови, одморалишта, но и неизоставните културно-историски знаменитости.
Секако, на оваа листа може да влезат уште многу одлични места, како што се туристичките места на Јадранското море, Струга, Мостар… Што се однесува до најубавата плажа во Европа, оваа велшка убавица навистина ќе ви го одземе здивот!