5 разлики помеѓу славењето Нова година кога сте биле деца и сега, кога сте во вашите 20-ти
Да бидеме реални, новогодишната прослава е најголемиот момент од секоја година. Токму затоа и потребно е да се вложи многу труд во самата вечер, дури и ако станува збор за само една обична средба со вашите пријатели. Но, дали сте забележале колку се менува начинот на кој славите секоја година? Обидете се да се вратите наназад и да се потсетите како сте ја дочекувале годината како дете, во споредба со сега, кога сте во вашите 20-ти.
1. Како деца: Сте се обидувале да останете будни до полноќ
Вашата главна цел била да останете будни до полноќ и да го гледате познатиот огномет на телевизија. Заедно со вашите браќа и сестри, пријатели или братучеди, сте се држеле меѓусебно будни само да за да им покажете на возрасните дека сте доволно стари и вие да останувате до подоцна.
Како 20-годишни возрасни: Се обидувате да преживеете до полноќ
Вие се обидувате да не се срушите пред да дојде полноќ, но тоа ви оди малку тешко бидејќи сте почнале да пиете уште пред да излезете од дома. Сепак не сакате да бидете оној пријател кого цела година ќе го обвинуваат затоа што не останал свесен до Нова година и другите морале да внимаваат на вас и да не можат целосно да се опуштат во славењето, па затоа и се трудите колку што можете повеќе да останете на нозе.
2. Како деца: Вашите планови биле однапред готови
Во тој период сè беше едноставно. Или сите доаѓале во вашиот дом или вие сте оделе во домот на вашите роднини заедно со вашите родители. Во ниту еден момент не требало да се грижите за новогодишните планови бидејќи некој друг ги правел тие за вас.
Како 20-годишни возрасни: Понекогаш не знаете каде ќе одите дури ни на 31-ви декември
Понекогаш посакувате да сте повторно деца, нели? Прашањето каде ќе одите за Нова година е константа која ве следи секој декември. Вие исто така знаете и дека ова мора да биде најдобрата вечер во вашиот живот, бидејќи е почетокот на сосема нова година. Но, и покрај сè, повторно чекате до последен момент и набрзина смислувате забавен начин за да ја дочекате новата година.
3. Како деца: Вашата модна комбинација била многу едноставна
Доволни ви се пар фармерки и едноставна маичка, бидејќи реално не одите никаде подалеку од дневната соба. Понекогаш можеби и сте биле во елегантно расположение, па сте се одлучувале за фустан или пантолони со кошула, но тоа не траело долго, па затоа и брзо потоа сте се пресоблекувале во нешто поудобно.
Како 20-годишни возрасни: Вашата модна комбинација е премногу комплексна
Новогодишните модни комбинации се многу комплексни и понекогаш ви е потребна цела недела за да можете да одлучите што точно ќе носите. Најлоша ситуација е ако оставите сè за во последен момент и мора набрзина да го одберете тоа што прво ќе ви падне при рака, бидејќи знаете дека овие фотографии ќе постојат на социјалните мрежи уште многу долго време. Сигурно не би сакале по некоја година да помислите: „Што ме натерало да го носам ова?“
4. Како деца: Новата година ви започнува со прегратка од вашите родители
Кога ќе дојде полноќ, следуваат илјадници бакнежи и прегратки од вашето семејство и многу честитки за здравје. Тоа ви било толку едноставно бидејќи во тој момент сигурно не сте ни знаеле што точно е новогодишен бакнеж.
Како 20-годишни: Најважното прашање е кој ќе бакнете за Нова година
Ако сте во врска, тогаш сигурно тој или таа ќе бидат вашиот новогодишен бакнеж. Но, што се случува со оние кои се сингл? Дали ќе се осмелите да ја бакнете девојката која сте ја набљудувале во текот на вечерта или пак, момчето кое сте го здогледале веднаш штом сте влегле во просторијата каде што се наоѓате? Или можеби немате храброст за првиот чекор, но со секоја нова бројка од одбројувањето сè повеќе се надевате дека сепак ќе го добиете вашиот бакнеж од нив. Никогаш не можете да знаете што ќе се случи.
5. Како деца: Немате никакви очекувања
Секој дочек на новата година за вас била една иста рутина, без никакви нови очекувања. Единствените нешта на кои што можеби сте се радувале биле храната, останувањето будни до доцна и една голтка алкохол која вашите дедовци ви давале да ја пробате.
Како 20-годишни возрасни: Вие имате огромни очекувања
Сите ние имаме тенденција да размислуваме дека дочекот на новата година ќе биде епска вечер. Вие сигурно или сте имале направено планови неколку месеци претходно или сте се обиделе да ја оживеете најдобрата идеја која сте ја имале во последен момент. Без разлика, вие секогаш ќе имате огромни очекувања од оваа вечер. Сигурно тоа е и една од причините зошто најчесто сте разочарани и си велите дека никогаш повторно нема да ви се случи истото. Сè до следната година…