5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијата
Многу е тешко да се опише среќата што ја имаат сопствениците на домашни миленици. Кога сте среќни или пак тажни и нерасположени, тие секогаш се до вас со нивната дружба и безусловна љубов. Миленичињата ве охрабруваат да се будите, да јадете, да играте, да спиете и да вежбате редовно.
Од домашните миленици ќе ги одделиме мачките, кои исто како и кучињата, се сметаат за едни од најдобрите пријатели на луѓето.
Според едно истражување, некои раси на мачки можат да помогнат дури и во борбата против депресијата. Ако решивте да чувате мачка погледнете за кои 5 раси на мачки станува збор.
1. Сфинкс
Овие мачки немаат влакна како и другите, но не дозволувајте тоа да ве спречи од нивно посвојување. Според едно истражување, тие многу сакаат да се гушкаат и да бидат на топло, бидејќи обично имаат ниска телесна температура. Ако барате мачка и бескрајни прегратки, тогаш ова е расата за која треба да размислите.
2. Рагдол
Овие меки мачиња се познати по тоа што постојано сакаат да бидат во прегратките на своите сопственици. Тие многу лесно се приврзуваат, а нивното свилено крзно ги прави одлични пријатели за гушкање.
3. Мејн Кун
Овие мачки честопати се користат за терапија, бидејќи развиваат цврсти врски со нивните сопственици. Тие лесно се приврзуваат и го сакаат човечкото внимание, а поради својата големина, луѓето ги нарекуваат нежни џинови.
4. Сијамска мачка
Сијамската мачка е една од најпрепознатливите раси благодарение на нивните светло сини очи и клинести глави. Овие мачки сакаат да си играат и многу лесно се приврзуваат со своите сопственици.
5. Руска сина
Овие мачки се лојални, тивки, слатки и ги следат своите сопственици насекаде дома, па немојте да се изненадите ако ве поздрават на влезната врата.
Прочитајте и кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.